ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ПО ЛИЦЕ – 79 евра

 

1 Ден БИТОЛА – ИСТАНБУЛ 09.10.2020
Состанок на групата во 17.00 часот. Поаѓање за Турција. Патување преку граничниот премин Делчево. Патување со попатни одмори преку Софија, Пловдив, Капикуле (Бугарско-Турска граница)
2 Ден ИСТАНБУЛ 10.10.2020
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Сместување во хотел. Во пладневните часови заминување на панорамски разглед на градот со професионален туристички водич: посета на Таксим, Валенсовиот аквадукт, Шехзаде џамијата, големиот џамиски комплекс Сулејмание, Хиподромот, Султан Ахмет (сината) џамија, мостовите на Босфор. Слободно попладне за лични активности. Ноќевање.
3 Ден ИСТАНБУЛ 11.10.2020
Појадок. По појадокот, факултативна посета на Аја Софија (Света Софија) – симболот на зачетоците на Христијанството на тие простори…факултативна посета на Топ Капи – палатата на султаните, со посета на Харемот и ризницата.Посета на Долма Бахче сарај последната резиденција на Отоманскиот Султан и место каде починал големиот татко на Турција Кемал Ататурк. Посета на Капали Чаршија, еден од најатрактивните шопинг центри во светот со близу 3000 дуќани за накит, злато, облека, кожа, антиквитети и др… Посета на национален ресторан.(факултативно). Ноќевање.
4 Ден ИСТАНБУЛ – БИТОЛА 12.10.2020
Појадок. По појадокот – факултативно крстарење со брод по Босфорот со локален професионален водич, каде на еден поинаков начин ќе ги доживеете убавините и грандиозноста на овај жив музеј на два континенти. Посета на Цариградската Патријаршија. Во пладневните часови поаѓање за Македонија. Ноќно патување со попатни одмори преку Бугарија.
5 Ден БИТОЛА 13.10.2020
Пристигнување во Битола во раните утрински часови.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

Во цената на аранжманот е вклучено

  • Две ноќевања во хотел со 3* со појадок
  • Автобуски превоз
  • Лиценциран придружник
  • Лиценциран туристички водич
  • Тура низ стариот град на Истанбул со посета на Капали Чаршија
  • Шопинг во 212 центарот
  • Посета на Аја Софија
  • Посета на Сината џамија

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Патничко осигурување
  • Факултативи

Цените на факултативните излети ќе бидат објавени дополнително

  • Задолжителна проверка на пасошот. Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турција
  • Хотелот ќе го знаат патниците на 2 дена пред поаѓање. Хотелот ќе биде со 3* во населбите Аксарај или Лалели