САНТОРИНИ

  • Битола-Пиреа

    Состанок на групата на паркингот пред спортската сала во 16.30 часот. Поаѓање за Грција во 17.00 часот. Патот води преку г.п. Меџитлија, Лерин, Птолемаида, Вериа, Катерини…ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.

  • Пиреа-Санторини

    Пристигнување во Пиреа во раните утрински часови. Слободно време за краток одмор. Во 06.30 часот – трансфер на траект и поаѓање за Санторини во 07.30 часот. Планирано пристигање на Санторини околу 15.30 часот. Сместување во хотел. Слободно време за одмор или уживање на плажата во Камари…Во вечерните часови – во договор со групата и нашиот локален водич  посета/вечера во некоја од таверните во Фира и прошетка низ ФИРА главниот град на Санторини, местото на светлината и шармот на островот, каде ќе имаме можност за ноќно фотографирање. Враќање во Камари во касните вечерни часови. Ноќевање.

  • Санторини

    Појадок. По појадокот – Ви нудиме целодневен факултативен излет…посета на Акротири, последните остатоци од Миноанската цивилизација, место кое многумина го споредуваат со Помпеа, затрупано со вулканска лава во 2-от век п.н.е. Можност за посета на прекрасно сочуваните куќи, скали, улици кои го краселе тоа место тогаш…посета на „црвената плажа“, можност за фотографирање…патувањето продолжува кон бродото Профитис Илиас – највисоката точка на островот, можност за прошетка низ главното двориште на истоимениот манастир…стигнуваме до градот Фира – главниот град на островото, уникатно место на светот, единствено по своите бели куќички со сини покриви и сводови…слободно време за индивидуален разглед на местото истражувајќи го истото низ неговите тесни улички како од бајките и нивните продавници за сувенири…во касните попладневни часови – Ве водиме во Oia (Иа)… можеби сте слушнале, можеби сте гледале на слики, сега е време да ја почувствувате магичноста на едно од најпознатите светски залези на сонцето кое се случува токму на тоа место…питорескната Иа, изградена на северниот дел од Калдера од каде се гледа остатокот на островот и Егејското море била испирација за многу поети, сликари и писатели…враќање во хотелот во вечерните часови. Слободно време, или посета на некој од ноќните барови во Камари.

  • Санторини

    Појадок. По појадокот – слободно време или факултативно крстарење во самата лагуна и околните острови…посета на Неа Камени (новонастанатиот вулкан ПЕС – обавезна доплата од 2,5 € за искачување до врвот на истиот) – можност за фотографирање покрај активниот кратер…продолжуваме кон островот Тирасија, можност за кафе-пауза или ручек во таверните кои се поставени на самото море…крстарењето продолжува кон Палиа Камени (стариот вулкан), каде ќе имате можност за капење во термалните води…пловидбата продолжува долж сртот на островот, од каде се гледаат градовите Иа и Фира…враќање во хотел.  Ноќевање.

  • Санторини-Пиреа-Битола

    Појадок. По појадокот – одјавување и заминување од хотелот околу 12.00 часот. Факултативна посета на на најубавата и една од таков вид винарија во Грција – Koutsoyannopoulos Winery  Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја (во природна карпа) во должина од 300. метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното. Во историјата на оваа винарија прикажани се сите 14 генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес. По посетата на винаријата околу 14 часот, трансфер до пристаниште, чекирање и сместување на фери. Денско и ноќно пловење према Пиреја. Пристигнување на пристаниште во Пиреа  околу 23:30 часот. Поаѓање за Македонија.

  • Битола

    Пристигнување во Битола во утрински часови.

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 179 еврa

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

Автобуски превоз на горенаведената релација, 3 Н/П во хотел со 3* во Камари, трансфер со брод на релација Пиреа-Санторини-Пиреа, трансфер со автобус од пристаниште во Санторини – хотел – пристаниште, организација, водство и реализација на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици, патничкото осигурување (180,00 денари по лице). ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА : Целодневен излет низ Санторини – 35 € по лице (автобус+локален водич – минимум 30 лица) – препорака!, Крстарењето со брод – 35 € по лице (минимум 30 лица) – препорака!, Посета на винаријата – 18 € по лице (влезница+резервација). ПАКЕТ ЦЕНА-ЦЕЛА ФАКУЛТАТИВА : 80 € по лице.

НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ : 15.04.2018 !!!