ЈАДРАН

  • Битола-Острог

    Состанок на групата во 21.00 ч. Поаѓање кон Црна Гора во 21.30 ч. Патување со попатни одмори према Струга, граничниот премин Ќафасан, Елбасан, Драч, Тирана, Скадар, Бар се до Острог. Ноќно патување.

  • Острог-Будва-Неум

    Пристигнување во Острог во предпладневните часови. Православниот манастир Острог спаѓа меѓу најпосетените светилишта на Балканот. Кога ќе се спомене Острог, веднаш се помислува на место на кое се случуваат чуда. Во него доаѓаат посетители од сите религии и нации, бидејќи се верува дека моштите на Свети Василие Острошки се чудотворни. Манастирот Острог, кој е врежан во карпите, основан е од митрополитот Василије во XVII век. Највпечатлив дел од манастирот е Горен Острог, каде се сместени две мали цркви: горна – посветена на Светиот Крст, и втората, посветена на Воведение на Богородица. Заминување кон Будва. Во попладневните часови прошетка низ стариот дел на градот и да уживате во убавините на Венецијанската архитектура. Будва има голема вредност не само по тоа што е центар на туризмот во Црна Гора туку и по неговите специфични градби, споменици, тврдини,  манастири и  старите цркви – споменици кои датираат уште од 7 век. Преминување на Которскиот залив кој е ставен на светската листа од 28 најубави заливи во светот. Разглед на Котор. Заминување кон Неум. Сместување во хотел. Вечера и забава. Ноќевање.

  • Неум-Мостар-Меѓугорје

    Појадок. После појадокот заминување целодневен излет до  Меѓугорје. Местото каде се појавила Мајката Божија. Заминување кон Мостар, градот на двата брега на Неретва, каде се испреплетувала историјата во минатото и во поново време. Посета и разглед на стариот дел на градот. Стариот мост изграден по наредба на Султанот Сулејман Величанствени, чаршијата и големиот број на продавцници и сувенирници. Заминување кон Неум. Вечера. Ноќевање.

  • Неум-Дубровник-Тирана-Битола

    Појадок. По појадокот заминување кон Дубровник – познат како бисер на Јадранот еден од најпознатите туристички центри на Јадранот. Градот е со преубава околина, голем број на хотели е магнет за голем број на туристи од целиот свет во текот на целата година. Проштка низ стариот дел на градот “Страдун”, тесните улички и малите плоштади, како и импознатните зидини и градби ќе ве остават без здив. Уживате во призорот на Градската Камбанарија, Катедралата, Синагогата, Тврдината Бокар, Кнежевскиот Двор – Дубровачкиот Музеј, и многу други споменици. Заминување кон Тирана. и Македонија. Патување со попатни одмори. Попатна посета и разглед на главниот град на Албанија – Тирана ( Музејот, Плоштадот Скендер Бег, Џамијата и др.) Патување кон Елбасан и Кафасан. Пристигнување во Битола во вечерните часови.

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 109 еврa

Во цената на аранжманот Е вклучено:

  • Автобуски превоз на дадената релација со туристички автобуси опремнени со (ЦД, ТВ, ДВД, AC)
  • Хотелско сместување во хотел со 4*  во 1/2, 1/3 соби на база полу пансион (ноќевање, појадок, вечера)
  • Превоз со траект низ Которскиот залив
  • Посета и разглед на Котор и Будва со локален водич
  • Посета и разглед на Меѓугорје и Мостар
  • Посета и разглед со локален водич на Дубровник
  • Пратител на групата

 

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:

  • Влезници за посетна културно историски споменици
  • Патувачко осигурување

 

НАПОМЕНА:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 35 патници