ВИЕНА

  • Битола-Прилеп-Велес-Скопје-Виена

    Состанок на групата во 15.30. Заминување кон Виена преку Прилеп, Велес и Скопје. Патување со попатни одмори и гранични формалности преку Србија и Унгарија.

  • Виена

    Попатна посета во претпладневните часови на еден од најпознатите “Shooping outlet” Parndorf. Слободно време за уживање во купувањето низ големиот број на светски познати марки. Во договорено време заминување кон Виена. По пристигнување во Виена  со локалнен водич започнуваме со панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Во приквечерните часови заминување кон центарот на Виена каде ќе можите да уживате во магичната атмосфера и прекрасната Виена. Враќање во хотел во договорено време.  Ноќевање.

  • Венските шуми Mayerling, Seegrotto и Шенбрун

    Појадок. После појадокот заминување кон прекрасните Виенски шуми за да го посетиме манастирот на Кармел Мајерлинг, каде синот на Франц Јозеф и Сиси изврши самоубиство. Разглед на музејот и манастирскиот комплекс. Потоа одиме да го посетиме феноменот наречен See grotto – под планинско езеро. Во некогашниот рудник Хитлер започнал производство на воени авиони. Заминување кон Виена за посета на дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. Самата Палата како и паркот кој го опкружуваат самиот дворец раскажуваат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Вечерта можност за посета на традиционален австриски ресторан Грицлинг или посета на некоја од локалните пивници (индивидуално). Ноќевање.

  • Виена

    Појадок. После појадокот напуштање на хотелот иможност за факултативна посета на Дунавската Кула (со 252м. претставува највисоката градба во Австрија од каде се пружа прекрасен поглед од 360о на градот). Слободно време за индивидуални прошетки и активности во центарот на Виена. Во попладневните часови, поаѓање кон Македонија. Патување со попатни одмори и гранични формалности.

  • Скопје-Велес-Прилеп-Битола

    Пристигнување во Македонија во предпладневните часови.

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 135 еврa

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високо туристички автобус на дадената релација
  • Сместување во хотел со 3* во Виена на база на 2 НП (нокевање/појадок) (околина)
  • Посета на шопинг центар Парндорф
  • Професионален туристички придружник
  • Организација и реализација на програмата

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Разглед на Виена со локален водич – 10€
  • Посета на Виенските шуми ( Mayerling /Seegrotto) – 25 €
  • Влезница за дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 30€
  • Факултативна посета на  традиционален австриски ресторан Грицлинг – 25€ – мин. 30 лица за реализација
  • Дунавска Кула (превоз + влезница) – 10€
  • Патничко осигурување –160 ден
  • Доплата за еднокреветна соба – 2.200 ден