КАПАДОКИЈА

Авионска програма со 3 ноќевања

  • Состанок на групата на аеродром Skopje International Airport во 09:00 ч. Лет до Кајсери со авиокомпанија Pegasus Airlines со меѓуслетување во Истанбул. Слетување во Кајсери во 19:10 ч. по локално време. Трансфер од аеродром до хотел. Сместување во хотел со 4*. ВечераНоќевање.

  • Појадок во хотел. Заминување на разглед на регионот Кападокија – вулканска област во која геолошката формација започнала пред 10 милиони години. Прекрасната земја на убави коњи, Katpatuka (според старото Персиско име) е неверојатна земја, волшебна и мистериозна. Кападокискиот регион е исто така познат и по своите уметности, вклучувајќи рачно изработени керамички производи, рачно ткаени теписи како и производство на високо квалитетни вина. Прошетката започнува со замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија. Потоа, се упатуваме кон музејот на отворено -Ѓореме, срцето на Кападокија. Музејот е познат по фреските што датираат од 9-ти и 10-ти век, опишувајќи го животот на Исус Христос и монасите. Посетата на овој музеј на отворено е од големо значење за секој Христијанин. Сите цркви тука се изградени во карпи и датираат од 10-ти, 11-ти и 12-ти век а најдобро сочувани фрески се во црквата на Св.Василиј Велики. Следна станица е Cavusin, кој е напуштено село со стари пештери и грчки куќи. Пауза за ручек. Посета на продавница за грнчарство со можност да се понесе прекрасен рачно изработен сувенир. Пауза за разглед на Pasabagi со невообичаената формација на троглава самовила, па посета на Деврент долината – Долина на Имагинација со безброј природни камени формации налик на животни. Посета на локална работилница за рачно ткаени теписи каде ке се види нивната изработка и кратка пауза за дегустација на локални вина од една од најстарите винарии во Кападокија. Вечерта враќање во хотел. Вечера и ноќевање.

  • Појадок во хотел. Заминување кон подземниот град Деринкују, еден од најдобро зачуваните и најдлабоки подземни градови во Кападокија, 55 метри длабок и 8 ката отворени за посетители. Потоа посета на долината Ихлара – кањон долг 16 км чии две страни се наредени со карпести цркви. Овој поход трае околу 3 километри со можност за кратка пауза за освежување во автентична кафетерија чајџилница. Пауза за ручек во селото Белисирма, покрај реката Melendis, можност за вкусување на свежа пастрмка на жар . По ручекот ќе го посетиме манастирот Селиме, издлабен во карпите од страна на христијански монаси во 13-от век. Манастирот претставува една од најфасцинантните културни атракции за кој експертите велат дека требало 200 години време за да биде завршен т.е. издлабен во карпите. Манастирот е најголемата религиозна градба во областа Кападокија а црквата во самиот манастир има катедрални димензии. На патот назад кон хотелот ќе застанеме во Долината на гулабите со кратка пауза за разглед и фотографирање. Вечера и ноќевање.

  • Појадок (спакуван за по пати одјавување од собите. Трансфер до аеродром во Кајсери. Авионот полетува во 05:45 ч. локално време. Слетување во Скопје во 12:45 ч. локално време со меѓуслетување во Истанбул.

Редовна цена по лице 429 € (26.600 денари)
За рана резервација до 23-ти Март 399 € (24.750 денари)

Во цената се вклучени следниве услуги

–          Авио билет на релација Скопје-Истанбул-Кајсери-Истанбул-Скопје

–          Аеродромски такси

–          3 ноќи во хотел со 4* во Ѓореме/Аванос/Невшехир на база појадок и вечера

–          2 организирани ручеци за време на разгледите во Кападокија (еден во близина на Ѓореме а другиот во Белисирма, покрај реката Мелендис)

–          Багаж од 20 кг по лице како и рачен багаж до 8 кг

–          Трансфер од аеродром во Кајсери до хотел и назад

–          Професионален локален водич и претставник од агенција

–          Сите влезници во музеите и местата од интерес.

Во цената не се вклучени следниве услуги:

–          Задолжително патничко осигурување (информации во агенцијата)

–          индивидуални трошоци

НАПОМЕНА: калкулацијата е правена на минимум пријавени 20 патници. Во случај на помал број патници цената на аранжманот подлежи на промена. За резервација задолжителна уплата на аванс од 50% од вкупниот износ, целосна доплата 10 дена пред патување

ОПИС И ПОЕДИНЕЧНИ ЦЕНИ НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ:

Турскa вечер (25.05.2018) – во автентичен и уникатен ресторан во карпа, ке се чувствувате како во некоја од приказните од 1001 ноќ, со фолклорни танци, стомачни танци, турска музика и анимација, вклучени алкохолни и безалкохолни пијалоци, апетисани и овошје. Цена 35 €
Танцот на Дервишите или Сема (26.05.2018) – ова е религиозна церемонија инспирирана од познатиот турски мистик, мудрец и поет Селаледин Мухамед со прекар Мевлана и Руми (Мевлана со значење наш господар, а Руми со значење земјата Рум-Анадолија,). Мистичното патување Сема е асоцијација на совршенството, зрелоста и љубовта кон сите вери, раси и нации. Шоуто трае околу 45 минути и не вклучува никаква консумација на пијалок и храна (религиозни причини) Цена 25 €
Лет со балон над Кападокија – уникатно, незаборавно доживување, кулминација на целата екскурзија, ке го доживеете изгрејсонцето над Кападокија од 600-800 м.височина. Екскурзијата започнува со трансфер од хотелот до местото на полетување околу 06:00 часот, лесна утринска закуска со чај и кафе додека балоните се надувуваат, лет од еден час во корпи со средна големина а по слетувањето следува церемонија со шампањ. Секој патник добива персонализиран сертификат како личен сувенир. Реализацијата на оваа факултативна екскурзија се договара на лице место бидејки зависи од временските услови и брзината на ветровите, истата ке биде предложена уште следното утро од престојот. Цена 140 €
Турска бања, хамам или амам (26.05.2018 веднаш после програмата танц на дервишот ) еден од најраспространетите древни обичаи во светот. Оваа традиција отоманските турци ја присвоиле од Римјаните и Византијците и ја усовршиле на свој начин. Топло ја препорачуваме оваа факултатива бидејќи ке ве опушти и релаксира после напорниот ден. Во Кападокија има традиционални и модерни амами а нашата понуда вклучува уникатно доживување во карпест амам, со сауна (10 мин.), парна бања (5 мин.), пилинг и пена масажа (15 мин.), третман на лице (со глина, 10 мин.) и базен – уживањето трае одприлика 60 минути. Цена 35 €

Со уплата на пакет од 3 факултативи (турска вечер + танцот на дервишите + лет со балон) добивате ГРАТИС ФАКУЛТАТИВА УЖИВАЊЕ ВО ТУРСКИ ХАМАМ !!!