ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ПО ЛИЦЕ – 165 евра

 

1 ден БИТОЛА – КУШАДАСИ 09.10.2020
Состанок на групата  во 12.00 часот. Поаѓање за Турција. Патување преку граничниот премин Делчево. Патување со попатни одмори преку Софија, Пловдив, Капикуле (Бугарско-Турска граница)
2 ден КУШАДАСИ 10.10.2020
Пристигнување во утринските часови во Eцебат каде со Траект преминуваме кон Азискиот дел на Турција. Патувањето продолжува кон Кушадаси  со  кратка пауза и можност за слкиање во легендарната Троја и макетата на коњот од филмот Троја. Продолжуваме кон Кушадаси и пристигнуваме во попладневните часови. Сместување во хотел и прошетка низ градот. Вечера. Ноќевање.
3 ден КУШАДАСИ-ПАМУККАЛЕ 11.10.2020
Појадок,заминување факултативно кон Памуккале: Памуккале е една од најголемите туристички атракции во Турција која секоја година ја посетуваат повеќе од 2 милиони гости од целиот свет. Памуккале е комплекс од необични минерални извори во плитките варовнички базени сместени на југозападот во Турција во близина на градот Денизли. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
4 ден КУШАДАСИ-ЕФЕС-САРАМСАКЛИ 12.10.2020
Појадок, по појадокот заминување за Ефес: еден од најбогатите археолошки локалитети од Антички период, посета на куќата на Света Богородица, во која Дева Марија ги поминува последните денови од својот живот, посета на Ѕидот на желбите. Потоа се упатуваме кон малото градче Селчук каде се посетува Црквата и гробот на Св. Јован. Во попладневните часови пристигнување во Сарамсакли и упатување кон “Şeytanın ayağı” или така наречената Ѓаволска стапка-нога, местото од каде  можете со залезот на сонцето да ги направите најубавите фотографии (доколку дозволи времето). Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.
5 ден САРАМСАКЛИ-ЏУНДА 13.10.2020
Појадок, по појадокот слободни активности и заминување кон Ајвалик: посета на Фабриката за производство на маслиново масло и маслинки-можност за дегустација и купување на истите.  Факултативно крстарење низ малите островчиња како и Џунда кој од 1963 година е поврзан со градот и е претворен во полуостров. Враќање во Ајвалик и слободно време за  индивидуална прошетка покрај море и прошетка низ најпознатиот пазар во Ајвалик. Во попладневните часови заминување за Македонија
6 ден БИТОЛА 14.10.2020
Пристигнување во Битола во попладневните часови

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

  • Се патува преку Република Бугарија и не е потребен тест
  • За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници
  • Задолжително носење на маски во автобус и патничко осигурување

Цената ги вклучува следниве услуги:

  • Превоз на наведената релација со високо квалитетни туристички автобус
  • Сместување во хотел 4* во Кушадаси на база  2 ноќевањa со појадок и вечера
  • Сместување во хотел 4 * во Сарамсакли на база 1 ноќевање со појадок  и вечера
  • Траект Гелиболу – Чанаккале – Гелиболу
  • Туристичка такса во хотелите
  • Пратител на патувањето и организација на аранжманот

Цената не вклучува:

  • Задолжително патничко осигурување
  • Разгледување на Троја 11€
  • Крстарење со брод во Ајвалик и посета на Џунда 20€
  • Посета на Памуккале -30€ (превоз, влезница и водич)
  • Куќата на Дева Марија и Античкиот Град Ефес 25 € (превоз, влезница и водич)
  • Влезници за музеите и останати знаменитости
  • Индивидуални активности
  • Доплата за 1/1 соба