Вила Јанис се наоѓа на главната улица наспроти познатиот ресторан Брики, т.е 50 метри од строгиот центар на Калитеа, во нејзина близина се наоѓа, маркет, слаткара, продавници, фурна, ресторани, кафетерии итн. На 200м одалеченост се наоѓа плажата до која се стига преку улица , Калитеа е сместена на повисоко теренско место, затоа пристапот до плажа е по удолница. Вилата не располага со паркинг и околу неа нема расположливост за паркинг, најблизок паркинг простор е на 150м одалеченост, кој е бесплатен .

Сите соби се трокреветни 5 од нив се наоѓаат од предната страна и имаат поглед кон главанта улица, останатите имаат поглед кон дворот во вилата .Сите соби се со капацитет само за 3 лица со можност да се смести мало дете до неполни 6 год кое би спиело со родители бидејки нема простор за дополнителни легла. Собите располагаат со мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење која е во склоп на самото студио, сопствен тоалет, балкон, клима без доплата и wi-fi. Вилата е реновирана во целост во 2018 година.

GPS Координати: 40°04’28.4″N 23°26’54.8″E

Цените се изразени за наем на студио за 7 ноќевања

Цените се изразени во ЕУР, плаќање исклучиво во денарска противвредност од 61,8МКД

Услови за „early booking“: За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.

При резервација се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата и тоа најдоцна до 15 дена пред реализација на аранжманот.

На ПРОМО цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација, истите се резервираат со 50% аконтација.

-15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 31.03.2018

-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 30.04.2018

Јанис – Калитеа
Цени за наем на студио за 7 ноќевања
Период Ноќевања 1/2 – студио за 2 лица 1/3 – студио за 3 лица Коментар
19.05-26.05.2018 7 59 69 ПРОМО
26.05-02.06.2018 7 89 129 ПРОМО
02.06-09.06.2018 7 139 159
09.06-16.06.2018 7 189 249
16.06-23.06.2018 7 249 289
23.06-30.06.2018 7 269 299
30.07-07.07.2018 7 299 329
07.07-14.07.2018 7 329 349
14.07-21.07.2018 7 359 379
21.07-28.07.2018 7 359 379
28.07-04.08.2018 7 359 379
04.08-11.08.2018 7 359 379
11.08-18.08.2018 7 359 379
18.08-25.08.2018 7 299 319
25.08-01.09.2018 7 229 249
01.09-08.09.2018 7 179 199
08.09-15.09.2018 7 129 139 ПРОМО
15.09-22.09.2018 7 99 109 ПРОМО
22.09-29.09.2018 7 59 69 ПРОМО

– Доплата за туристичка такса 0,5€ по соба на ден (се плаќа во објектот)

Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Калитеа чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја недела):
– Скопје (Дрводекор) – 35€ по лице
– Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 40€ по лице
– Струмица (бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) – Трансфер до Удово – 40€ по лице
– Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35€ по лице
– Удово (бензинска пумпа, Удово) – 35€ по лице
– Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35€ по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:
– Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон) – 30€ по лице
– Прилеп (бензинска пумпа Салида) – Трансфер до Битола – 30€
– Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола – 35€ по лице
– Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола – 35€ по лице
– Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола – 35€ по лице
– Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола – 35€ по лице

– Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 Евра од редовната цена 15 Евра за Битола и Прилеп
– Деца до 1,99 години бесплатно
– Возрасни лица над 63год – 10еур попуст

Време на поаѓање превоз од Скопје за Халкидики
– 03:40h Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес
– 04:00h Скопје (Дрводекор)
– 04:30h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
– 05:00h Неготино (бензинска пумпа, Неготино)
– 05:00h Струмица (бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) – Трансфер до Удово
– 05:40h Удово (бензинска пумпа, Удово)
– 06:00h Граничен премин (бензинска пумпа Шимов)

Време на поаѓање превоз од Битола за Халкидики
– 04:00h Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон)
– 03:15h Прилеп (бензинска пумпа Салида) – Трансфер до Битола
– 02:15h Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
– 02:45h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола
– 02:30h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола
– 03:15h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола

Поаѓање од Грција:
– 15:00h локално време Калитеа (14:00h македонско време)
– 14:45h локално време Полихроно (13:45h македонско време)
– 14:30h локално време Ханиоти (13:30h македонско време)
– 14:15h локално време Пефкохори (13:15h македонско време)

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ:
– За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст
– Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител
– Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус
– Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Тимот на ТА ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.