Вила МЕРОПИ се наоѓа на самата магистрала, во строгиот центар на Калитеа, веднаш до семафорите, излегува на првата пешачка уличка. Не располага со паркинг, на 200м од самата вила на 3 паралелни улици со неа има бесплатен паркинг за возила. Во нејзина близина се наоѓа, маркет, слаткара, продавници, фурна, ресторани, кафетерии итн. На 200м одалеченост се наоѓа плажата до која се стига преку улица или скали. Калитеа е сместена на повисоко теренско место, затоа пристапот до плажа е по удолница.

Сите соби се наоѓаат на прв спрат и се трокреветни, т.е. еден дупли кревет и еден единечен, мини кујна со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, мал и тесен балкон без поглед, ТВ, клима без доплата и wi-fi.

Капацитетот на овие соби е 3 возрасни лица, или 2 возрасни лица со 2 деца од кој второто дете да е до неполни 6 години, бидејќи дели спално легло со родители и не му следува дополнително легло.

GPS Координати: 40°4’31″N,23°26’52″E

Цените се изразени за наем на студио за 7 ноќевања

Цените се изразени во ЕУР, плаќање исклучиво во денарска противвредност од 61,8МКД

Услови за „early booking“: За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.

При резервација се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата и тоа најдоцна до 15 дена пред реализација на аранжманот.

На ПРОМО цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација, истите се резервираат со 50% аконтација.

-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 31.03.2018

-5% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 30.04.2018

Вила Меропи – Калитеа
Цени за наем на студио за 7 ноќевања
Период Ноќевања 1/3 (студио за 3 лица) Коментар
20.05-27.05.2018 7 59 ПРОМО
27.05-03.06.2018 7 89 ПРОМО
03.06-10.06.2018 7 139
10.06-17.06.2018 7 189
17.06-24.06.2018 7 259
24.06-01.07.2018 7 289
01.07-08.07.2018 7 319
08.07-15.07.2018 7 329
15.07-22.07.2018 7 349
22.07-29.07.2018 7 349
29.07-05.08.2018 7 349
05.08-12.08.2018 7 349
12.08-19.08.2018 7 349
19.08-26.08.2018 7 309
26.08-02.09.2018 7 229
02.09-09.09.2018 7 179
09.09-16.09.2018 7 129 ПРОМО
16.09-23.09.2018 7 99 ПРОМО
23.09-30.09.2018 7 59 ПРОМО

– Доплата за туристичка такса 0,5€ по соба на ден (се плаќа во објектот)

Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Калитеа чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја недела):
– Скопје (Дрводекор) – 35€ по лице
– Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 40€ по лице
– Струмица (бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) – Трансфер до Удово – 40€ по лице
– Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35€ по лице
– Удово (бензинска пумпа, Удово) – 35€ по лице
– Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35€ по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:
– Битола – 30€ по лице
– Прилеп (бензинска пумпа Салида) – Трансфер до Битола – 30€
– Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола – 35€ по лице
– Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола – 35€ по лице
– Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола – 35€ по лице
– Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола – 35€ по лице

– Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 Евра од редовната цена 15 Евра за Битола и Прилеп
– Деца до 1,99 години бесплатно
– Возрасни лица над 63год – 10еур попуст

Време на поаѓање превоз од Скопје за Халкидики
– 03:40h Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес
– 04:00h Скопје (Дрводекор)
– 04:30h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
– 05:00h Неготино (бензинска пумпа, Неготино)
– 05:00h Струмица (бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) – Трансфер до Удово
– 05:40h Удово (бензинска пумпа, Удово)
– 06:00h Граничен премин (бензинска пумпа Шимов)

Време на поаѓање превоз од Битола за Халкидики
– 04:00h Битола (пред спортска Сала)
– 03:15h Прилеп (бензинска пумпа Салида) – Трансфер до Битола
– 02:15h Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
– 02:45h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола
– 02:30h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола
– 03:15h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола

Поаѓање од Грција:
– 15:00h локално време Калитеа (14:00h македонско време)
– 14:45h локално време Полихроно (13:45h македонско време)
– 14:30h локално време Ханиоти (13:30h македонско време)
– 14:15h локално време Пефкохори (13:15h македонско време)

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ:
– За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст
– Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител
– Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус
– Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Тимот на ТА ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.