Вила НАТАЛИА се наоѓа во срцето на Пефкохори, на минута пешачење до пешачката зона, до плажа и до првиот супермаркет. Вила Наталиа е составена од две згради, Анекс 1 и Анекс 2.

Анекс 1 е на два спрата. Апартманите во Анекс 1 се со еден спален кревет во спална соба и 2 единечни кревети во кујна.

Анекс 2 е на еден спрат, само приземје. Апартманите во Анекс 2 се со три кревети во спална и еден во друга просторија, кујната е во одделна соба.

Вилата располага со сопствен ограден двор и зеленило, собите се опремени со мал тоалет, кујна, ТВ и клима, интернет почнувајки од 01.06.2018.

Климата не е вклучена во цената и истата чини 25 евра за 7 ноќевања. Се плаќа на лице место.

GPS Координати: 39.989033, 23.615187

Цените се изразени за наем на студио за 7 ноќевања

Цените се изразени во ЕУР, плаќање исклучиво во денарска противвредност од 61,8МКД

Услови за „early booking“: За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.

При резервација се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата и тоа најдоцна до 15 дена пред реализација на аранжманот.

На ПРОМО цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација, истите се резервираат со 50% аконтација.

-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 01.02.2018

-5% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 30.04.2018

Вила Наталиа – Пефкохори
Цени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања
Период Ноќевања 1/2 Студио 1/4 Апп Анекс 1 1/4 Студио Анекс 2 Коментар
20.05-27.05.2018 7 59 79 69 ПРОМО
27.05-03.06.2018 7 99 119 109 ПРОМО
03.06-10.06.2018 7 179 199 189
10.06-17.06.2018 7 229 259 249
17.06-24.06.2018 7 289 349 339
24.06-01.07.2018 7 329 389 379
01.07-08.07.2018 7 349 399 389
08.07-15.07.2018 7 379 449 439
15.07-22.07.2018 7 379 449 439
22.07-29.07.2018 7 379 449 439
29.07-05.08.2018 7 379 449 439
05.08-12.08.2018 7 379 449 439
12.08-19.08.2018 7 379 449 439
19.08-26.08.2018 7 329 369 359
26.08-02.09.2018 7 259 299 289
02.09-09.09.2018 7 229 279 269
09.09-16.09.2018 7 159 219 209
16.09-23.09.2018 7 119 149 139 ПРОМО
23.09-30.09.2018 7 69 89 79 ПРОМО

– Доплата за туристичка такса 0,5€ по соба на ден (се плаќа во објектот)

Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Пефкохори чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја недела):
– Скопје (Дрводекор) – 35€ по лице
– Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 40€ по лице
– Струмица (бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) – Трансфер до Удово – 40€ по лице
– Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35€ по лице
– Удово (бензинска пумпа, Удово) – 35€ по лице
– Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35€ по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:
– Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон) – 30€ по лице
– Прилеп (бензинска пумпа Салида) – Трансфер до Битола – 30€
– Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола – 35€ по лице
– Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола – 35€ по лице
– Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола – 35€ по лице
– Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола – 35€ по лице

– Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 Евра од редовната цена 15 Евра за Битола и Прилеп
– Деца до 1,99 години бесплатно
– Возрасни лица над 63год – 10еур попуст

Време на поаѓање превоз од Скопје за Халкидики
– 03:40h Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес
– 04:00h Скопје (Дрводекор)
– 04:30h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
– 05:00h Неготино (бензинска пумпа, Неготино)
– 05:00h Струмица (бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) – Трансфер до Удово
– 05:40h Удово (бензинска пумпа, Удово)
– 06:00h Граничен премин (бензинска пумпа Шимов)

Време на поаѓање превоз од Битола за Халкидики
– 04:00h Битола  (Автобуска станица Транскоп – на перон)
– 03:15h Прилеп (бензинска пумпа Салида) – Трансфер до Битола
– 02:15h Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
– 02:45h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола
– 02:30h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола
– 03:15h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола

Поаѓање од Грција:
– 15:00h локално време Калитеа (14:00h македонско време)
– 14:45h локално време Полихроно (13:45h македонско време)
– 14:30h локално време Ханиоти (13:30h македонско време)
– 14:15h локално време Пефкохори (13:15h македонско време)

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ:
– За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст
– Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител
– Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус
– Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Тимот на ТА ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.