Сивири мало крајбрежно место на западната страна од полуостровот Касандра. Во последните неколку години, тоа прерасна во развиена културна и туристичка дестинација. Во ова место, освен бројните сместувачки капацитети се наоѓаат и мноштво таверни во кои се служи свежа риба, морски плодови и традиционална скара. Главната културна атракција во Сивири, е обновениот амфитеатар познат и по својата врвна акустика. Со него и самото место, секое лето е домаќин на познатиот фестивал кој привлекува илјадници посетители. Добро организираната плажа е препознатлива по белиот песок совршен за сончање, а на истата можат да се изнајмат и повеќе чадори и лежалки за одмор. Морето е плитко и идеално за безбедно капење. Во Сивири има доволно маркети и проавници, а најблиската банка, аптека и здравствен центар се оддалечени само 5км, во блиската Касандрија.

Опис:
Хотелот Jenny се наоѓа на околу 200м. одалеченост од прекрасна песочна плажа, околу 50м. од центарот на Сивири. Во близина на хотелот се наоѓа автобуска станица и супер маркет. Хотелот располага со голем и уреден двор низ кој се распределени неколку сместувачки објекти со 37 соби. На гостите им е овозможено користење на базен, лежалки и чадори покрај базенот кои се бесплатни за користење, бар покрај базенот кој на гостите им нуди можност за освежување, рецепција, реновиран ресторан, бежичен интернет (wi-fi), паркинг…
Хотелот особено го препорачуваме за фамилии со деца бидејќи располага со голема зелена површина и паркови, комотни соби, а морето е во непосредна близина.

Хотелски содржини:
– Рецепција, ресторан, отворен базен, детски базен, бар покрај базен (pool bar), snack бар, безжичен интернет (wi-fi), лежалки и чадори покрај базен, паркинг…

Сместување:
Комфортните соби се комплетно опремени со бања, ТВ, интернет, клима уред и балкон со прекрасен поглед на градините или базенот. Располагаат со еден брачен лежај и два единечни кревети и може да сместат максимум 4 возрасни лица и едно дете под 6год (дели лежај со родители).

Услуга:
– Полупансион (појадок и вечера на база шведска маса)

Цените се во Евра, по лице за аранжман од 7 ноќевања, а плаќањето е во денари по курс од 61,8мкд за 1 еур.

Попустите за ран букинг („Early Booking“)имаат валидност за резервации направени до и заклучно со датумот означен подоле. Истите не може да бидат комбинирани со други попусти и промоции. ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ПО ПРИЛОЖЕНИТЕ УСЛОВИ ЗА РАН БУКИНГ ПОТРЕБНА Е НЕРЕФУНДАБИЛНА УПЛАТА ОД 50% ОД ВКУПНАТА СУМА НА АРАНЖМАНОТ, А ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА СЕ ВРШИ НАЈДОЦНА 3 НЕДЕЛИ (20 ДЕНА) ПРЕД ДАТУМОТ НА ВЛЕЗ ВО ХОТЕЛ.

-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 31.01.2019

Хотел Џени – Сивири
Цени по лице на база полупансион за 7 ноќевања
Датум Ноќевања Во 1/4 стандард соба
18.05-25.05.2019 7 169
25.05-01.06.2019 7 199
01.06-08.06.2019 7 229
08.06-15.06.2019 7 259
15.06-22.06.2019 7 279
22.06-29.06.2019 7 299
29.06-06.07.2019 7 329
06.07-13.07.2019 7 349
13.07-20.07.2019 7 379
20.07-27.07.2019 7 379
27.07-03.08.2019 7 379
03.08-10.08.2019 7 379
10.08-17.08.2019 7 379
17.08-24.08.2019 7 349
24.08-31.08.2019 7 299
31.08-07.09.2019 7 269
07.09-14.09.2019 7 229
14.09-21.09.2019 7 199

– Можност за оставување на куферите во хотелот со цел да се искористи последниот ден, фен на барање и книги за читање на англиски, македонски и српски јазик.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
– 7 полупансиони (шведска маса), Безжичен интернет, Клима уред, Лежалки на базен, Отворен базен во склоп на хотелот

ДОПЛАТИ:
– Превоз
– Доплата за туристичка такса 1,5€ по соба на ден (се плаќа на рецепција во хотелот)
– Патничко осигурување

НАПОМЕНА:
– Цените се дадени по лице и се однесуваат за услуга Полупансион за број на ноќевања дадени во табелата
– Прво и второ дете од 0 до 13,99г. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО
– Прво и второ дете од 14-15,99г. со двајца возрасни на редовно легло плаќаат по 30% од цената во табелата
– Трет и четврт возрасен над 16г., плаќаат по 50% од цената во табелата
– Сместување во собите е после 14 часот по локално време а напуштање на собите е до 10 часот по локално време
– Сите резервации направени по предвидените датуми за рано букирање ке бидат наплатени по редовни, или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на резервирање. Промени во резервации направени во предрезервацискиот период не се дозволени. Во случај на промена на веќе потврдена резервација (имиња, број на патници, хотел, термин, итн.) цената на програмата ќе биде калкулирана редовно, без попустот за рано букирање, односно според цените актуелни во периодот кога се врши промената, освен во ситуации кога организаторот писмено ќе дозволи поинаку.

Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Сивири чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ ОД СКОПЈЕ ЗА ХАЛКИДИКИ (СЕКОЈА САБОТА)
– Скопје (Дрводекор) – 35еур по лице
– Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 40еур по лице
– Струмица (БП Макпетрол кај нов кружен тек)-Трансфер до Удово – 40еур по лице
– Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35еур по лице
– Удово (бензинска пумпа Удово) – 35еур по лице
– Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35еур по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ ОД БИТОЛА ЗА ХАЛКИДИКИ:
– Битола – 30еур по лице
– Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола – 30еур по лице
– Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола – 35еур по лице
– Кичево (БП Пуцко Петрол) Трансфер до Битола – 35еур
– Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 35еур по лице
– Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 35еур по лице

– Деца од 2-11,99год – попуст од 10еур од редовната цена
– Деца до 1,99год – бесплатно

СААТНИЦА НА ПОАЃАЊЕ СКОПЈЕ-ХАЛКИДИКИ:
– 3:40 Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес
– 5:00 Струмица (БП Макпетрол нов кружен тек) Трансфер до Удово
– 4:00 Скопје (Дрводекор)
– 4:30 Велес (БП мотел Македонија)
– 5:00 Неготино (БП Неготино)
– 5:40 Удово (БП Удово)
– 6:00 Граничен премин (БП Шимов)

СААТНИЦА НА ПОАЃАЊЕ ОД БИТОЛА-ХАЛКИДИКИ:
– 4:00 Битола (пред спортска сала)
– 3:15 Прилеп (БП Салида) Трансфер до Битола
– 2:15 Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола
– 2:45 Кичево ( БП Пуцко Петрол) Трансфер од Битола
– 2:30 Охрид (БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола
– 3:15 Ресен (спроти автобуска станица) Трасфер до Битола

– Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во агенција
– Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето
– Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ:
– За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст
– Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до неполни 6 години во легло со родител
– Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
– Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

Тимот на ТА ОРБИТА ви посакува пријатен одмор.