Островот Евија е втор по големина остров во Грција. Се протега по брегот на Беотија и Атика од северните споради до островот Андрос во близина на Киклади. Главниот град на Халкидис е еден од највлијателните антички градови. Пефки се наоѓа на северниот раб на Евија, преку островот Скијатос. Се карактеризира со песочна плажа, долга 4 километри, чисто и мирно море, поволни климатски услови, богата со флора и фауна. Близината на Атина е предност за сите оние што сакаат да се запознаат со грчката престолнина.

Пефки е мирно место сместено на крајниот север на Евиа. Самото име Пефки значи дека местото е опкружено со борова шума која преставува воздушна бања и е идеална за оние кои сакаат природа, чист воздух, кои во комбинација со прекрасното море е право место за вистински одмор. По краткото возење со ферибот од само 25 мин. пристигнувате во Агиокампос, а Пефки е на само 20 км источно од пристаништето. Се работи за мирно и мало место, но со сите потребни содржини за пријатен одмор. Тука се и таверните, маркетите, продавниците, кафетериите, љубезните домаќини… Долж местото се протега камчесто-песочна плажа, со барови со чадори и лежалки, каде што со пијалок можете да ги користете бесплатно. Покрај плажата е поплочено долго шеталиште со голем број ресторани и таверни. Цените тука се поповолни од останатиот дел на Грција. Од Пефки постои можност за поволна посета на Скијатос, па вреди да ја искористите оваа можност и да го збогатите својот одмор.

Вила АСИМИНА „А категорија“ е мала вила на самиот морски брег, Вилата нуди трокреветни студија. Сите соби се опремени со кујна, фрижидер, бања, ТВ, клима уред (ВКЛУЧЕН ВО ЦЕНА), Wi-FI, прекрасно уредено дворно место , опремено со маси и столици со поглед на заливот во Пефки, скали за влез во море дирекно пред вилата, како и плажа во непосредна близина. Воедно добивате и крпи на користење.

Структура на кревети
– 1/3 STD = брачен кревет + единечен

GPS Координати: 39.00457819256661, 23.206762075424194

Цените се изразени за наем на соба за 7 ноќевања

Цените се изразени во ЕУР, плаќање исклучиво во денарска противвредност од 61,8МКД

-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 30.04.2020

Вила Асимина – Пефки
Период Ноќевања Студио 1/3
21.05-28.05.20 7 59
28.05-04.06.20 7 79
04.06-11.06.20 7 99
11.06-18.06.20 7 129
18.06-25.06.20 7 189
25.06-02.07.20 7 219
02.07-09.07.20 7 249
09.07-16.07.20 7 279
16.07-23.07.20 7 299
23.07-30.07.20 7 319
30.07-06.08.20 7 319
06.08-13.08.20 7 319
13.08-20.08.20 7 319
20.08-27.08.20 7 289
27.08-03.09.20 7 269
03.09-10.09.20 7 239
10.09-17.09.20 7 209
17.09-24.09.20 7 159
24.09-01.10.20 7 109

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
– Автобускиот превоз е организиран со високотуристички лиценцирани автобуси со клима, тв, и придружник на патвањето. Поаѓањето започнува од Скопје, преку Велис и Битола, Кожани и Лариса, при што патувањето се скратува за стотина километри. Организирани трансфери од останати градови со доплата.

– Автобуски превоз од Скопје, Велес, Кавадарци – 50еур по лице / Прилеп, Битола – 40еур по лице / Охрид, Струга и Кичево – 50еур
– Деца од 2-11,99год – Скопје, Велес, Кавадарци – 35еур / Прилеп, Битола – 25еур / Охрид, Струга и Кичево – 35еур
– Попуст од 10еур за лица повозрасни од 63год
– За уплата на 2 или повеќе термини одобруваме 7% попуст. Попустите НЕ може да се комбинираат.

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ ЗА ЕВИА
– 00:00h Скопје (Дрводекор) патува преку Битола
– 00:45h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) – Трансфер до Битола
– 23:45h Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес и Битола
– 01:30h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) – Трансфер до Битола
– 02:20h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил) – Трансфер до Битола
– 03:00h Битола (пред Спортска Сала)
– 02.15h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
– 01:30h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
– 01.00h Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
– 01:00h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол)

ВРЕМЕ НА ЗАМИНУВАЊЕ ОД ГРЦИЈА
– 14:00h по МК време

Тимот на ТА ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.