Вила Димитра се наоѓа на 500 метри од плажа, веднаш до училиштето на Калитеа и на 2мин пешачење до центарот на Калитеа. Можност за паркирање има на самата улица како и на 40м одалеченост од вилата каде има бесплатен паркинг.

Трокреветните студија, располагаат со три редовни легла, мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет и балкон, ТВ, клима без доплата и wi-fi, истите се наоѓаат на приземје и едно студио на втор кат.

Четворокреветните студија располагаат со четири редовни легла, мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење, сопствен толатет и балкон или тераса, тв, клима без доплата и wi-fi.

Петтокреветното студио располага со едноспален кревет за две лица и три единечни легла, се наоѓа на прв кат и гледа кон улица, има кујна на страна од собата со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, балкон, клима без доплата и wi-fi.

GPS Координати: 40°4’32″N,23°26’41″E

Цените се изразени за наем на студио за 7 ноќевања

Цените се изразени во ЕУР, плаќање исклучиво во денарска противвредност од 61,8МКД

При резервација се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.

Услови за „early booking“: Потребно е 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуални во периодот на доплата.

На ПРОМО цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација, истите се резервираат со 30% аконтација.

-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 30.04.2020

Вила Димитра – Калитеа
Период Ноќевања 1/3 сутерен 1/3 студио 1/4 студио 1/5 студио
24.05-31.05.20 7 49 59 69 79
31.05-07.06.20 7 79 89 99 119
07.06-14.06.20 7 119 139 149 179
14.06-21.06.20 7 199 219 239 259
21.06-28.06.20 7 229 249 259 269
28.06-05.07.20 7 279 299 309 339
05.07-12.07.20 7 309 329 339 359
12.07-19.07.20 7 319 339 349 379
19.07-26.07.20 7 349 369 379 419
26.07-02.08.20 7 359 379 389 429
02.08-09.08.20 7 359 379 389 429
09.08-16.08.20 7 359 379 389 429
16.08-23.08.20 7 319 339 349 369
23.08-30.08.20 7 279 299 319 349
30.08-06.09.20 7 239 249 269 379
06.09-13.09.20 7 159 169 179 199
13.09-20.09.20 7 119 129 139 149
20.09-27.09.20 7 69 79 89 99

– Доплата за туристичка такса 0,5€ по соба на ден (се плаќа во објектот)

Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Калитеа чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ ОД СКОПЈЕ ЗА ХАЛКИДИКИ (СЕКОЈА НЕДЕЛА):
– Скопје (Дрводекор) – 35€ по лице
– Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 40€ по лице
– Струмица (бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) – Трансфер до Удово – 40€ по лице
– Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35€ по лице
– Удово (бензинска пумпа, Удово) – 35€ по лице
– Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35€ по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ ОД БИТОЛА ЗА ХАЛКИДИКИ:
– Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон) – 30€ по лице
– Прилеп (бензинска пумпа Салида) – Трансфер до Битола – 30€
– Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола – 35€ по лице
– Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола – 35€ по лице
– Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола – 35€ по лице
– Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола – 35€ по лице

– Деца од 2 до 11,99 години – попуст 10еур од редовната цена 15еур за Битола и Прилеп
– Деца до 1,99 години – бесплатно
– Возрасни лица над 63 години – 10еур попуст

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ ОД СКОПЈЕ ЗА ХАЛКИДИКИ:
– 03:40h Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес
– 04:00h Скопје (Дрводекор)
– 04:30h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
– 05:00h Неготино (бензинска пумпа, Неготино)
– 05:00h Струмица (бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) – Трансфер до Удово
– 05:40h Удово (бензинска пумпа, Удово)
– 06:00h Граничен премин (бензинска пумпа Шимов)

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ ОД БИТОЛА ЗА ХАЛКИДИКИ:
– 04:00h Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон)
– 03:15h Прилеп (бензинска пумпа Салида) – Трансфер до Битола
– 02:15h Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
– 02:15h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола
– 02:30h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола
– 03:15h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола

ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА:
– 15:00h локално време Калитеа (14:00h македонско време)
– 14:45h локално време Полихроно (13:45h македонско време)
– 14:30h локално време Ханиоти (13:30h македонско време)
– 14:15h локално време Пефкохори (13:15h македонско време)

– Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во агенција
– Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето
– Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ:
– За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст
– Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител
– Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус
– Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

Тимот на ТА ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.