Вила ПОСЕИДОН се наоѓа на сама плажа во Калитеа, на 200м од центарот. Паркинг за возила има на 30м од самата вила веднаш до хотелот Маргарита и истиот е бесплатен. Вилата располага само со трокреветни и четворокреветни студија. На секоја соба и следуваат по 2 лежалки и чадор на плажа, без доплата кои се нумерирани по самата соба во која се престојува, и истите не смеат да се менуваат со друга бројка на соба.

Трокреветните студија располагаат со брачен кревет за две лица, по грчки мерки т.е потесно од стандардните спални и едно единечно регуларно легло, мини кујна со прибор за готвење и јадење која е одвоена од спалната, но не и со врата, сопствен тоалет, балкон кој гледа странично на море или кон градина, а истите се лоцирани на трет кат и има клима и wi-fi.

Четворокреветните студија располагаат со брачен кревет за две лица, по грчки мерки т.е. потесно од стандардните спални и две единечни стандардни легла, мини кујна со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, балкон, клима и wi-fi. Истите можат да бидат лоцирани на приземје (без оградена тераса) на трет кат со страничен поглед на море, едно студио на четврти кат со голем балкон и директен поглед на море, и едно студио со поглед на градина кое се наоѓа на трет кат.

GPS Координати: 40°4’43.1″N 23°26’41″E

Цените се изразени за наем на студио за 7 ноќевања

Цените се изразени во ЕУР, плаќање исклучиво во денарска противвредност од 61,8МКД

При резервација се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата и тоа најдоцна до 15 дена пред реализација на аранжманот.

Услови за „early booking“: За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.

На ПРОМО цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација, истите се резервираат со 50% аконтација.

Вила Посеидон – Калитеа
Период Ноќевања Студио 1/3 Студио 1/4 Студио 1/4 SSV 1/4 GV
24.05-31.05.20 7 139 149 159 149
31.05-07.06.20 7 179 189 199 189
07.06-14.06.20 7 259 269 279 269
14.06-21.06.20 7 329 339 349 339
21.06-28.06.20 7 359 369 379 369
28.06-05.07.20 7 419 429 449 429
05.07-12.07.20 7 439 449 479 449
12.07-19.07.20 7 499 509 519 509
19.07-26.07.20 7 499 509 519 509
26.07-02.08.20 7 499 509 519 509
02.08-09.08.20 7 499 509 519 509
09.08-16.08.20 7 499 509 519 509
16.08-23.08.20 7 499 509 519 509
23.08-30.08.20 7 409 429 459 429
30.08-06.09.20 7 359 379 399 379
06.09-13.09.20 7 279 289 309 289
13.09-20.09.20 7 219 239 249 239
20.09-27.09.20 7 139 149 169 149

– Доплата за туристичка такса 0,5€ по соба на ден (се плаќа во објектот)

Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Калитеа чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ ОД СКОПЈЕ ЗА ХАЛКИДИКИ (СЕКОЈА НЕДЕЛА):
– Скопје (Дрводекор) – 35€ по лице
– Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 40€ по лице
– Струмица (бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) – Трансфер до Удово – 40€ по лице
– Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35€ по лице
– Удово (бензинска пумпа, Удово) – 35€ по лице
– Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35€ по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ ОД БИТОЛА ЗА ХАЛКИДИКИ:
– Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон) – 30€ по лице
– Прилеп (бензинска пумпа Салида) – Трансфер до Битола – 30€
– Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола – 35€ по лице
– Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола – 35€ по лице
– Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола – 35€ по лице
– Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола – 35€ по лице

– Деца од 2 до 11,99 години – попуст 10еур од редовната цена 15еур за Битола и Прилеп
– Деца до 1,99 години – бесплатно
– Возрасни лица над 63 години – 10еур попуст

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ ОД СКОПЈЕ ЗА ХАЛКИДИКИ:
– 03:40h Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес
– 04:00h Скопје (Дрводекор)
– 04:30h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
– 05:00h Неготино (бензинска пумпа, Неготино)
– 05:00h Струмица (бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) – Трансфер до Удово
– 05:40h Удово (бензинска пумпа, Удово)
– 06:00h Граничен премин (бензинска пумпа Шимов)

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ ОД БИТОЛА ЗА ХАЛКИДИКИ:
– 04:00h Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон)
– 03:15h Прилеп (бензинска пумпа Салида) – Трансфер до Битола
– 02:15h Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
– 02:15h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола
– 02:30h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола
– 03:15h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола

ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА:
– 15:00h локално време Калитеа (14:00h македонско време)
– 14:45h локално време Полихроно (13:45h македонско време)
– 14:30h локално време Ханиоти (13:30h македонско време)
– 14:15h локално време Пефкохори (13:15h македонско време)

– Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во агенција
– Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето
– Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ:
– За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст
– Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител
– Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус
– Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

Тимот на ТА ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.