Вила ТЕА се наоѓа на самата магистрала во центарот на Калитеа, веднаш до подвозникот кој води до плажа, веднаш до малата црква и паркот видиковец. До плажа има 200м пешачење. Вилата се состои само од 2+1 студија и две трокреветни студија. Сите нејзини соби гледаат кон море и се лоцирани на приземје или прв спрат, без разлика на тоа на кој спрат се, сите имаат ист поглед. Паркинг е дозволен пред самата вила но не е препорачливо, на 30м од вилата има паркинг на самата улица и е бесплатен.

Наспроти вилата има: продавници, ресторани, гиро, голем маркет Мазутис, фурна, продавници за сувенири, бунди, бижутерии и летна опрема.

Студијата 2+1 имаат капацитет за 2 возрасни лица + 1 дете, и одредени соби можат да примат 3 возрасни лица, но да се има во предвид дека спaлното легло е со помали мерки. Студијата располагаат со едноспално легло со помали мерки на кој би спиеле возрасен и дете и едно единечно регуларно легло, мини кујна со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, балкон со поглед на море, клима без доплата, ТВ и wi-fi.

Трокреветните студија имаат 3 легла, т.е едно поголемо во мерки од стандардно 90см легло и две стандардни легла. Капацитетот на овие студија е 3 возрасни лица или 2 возрасни со 2 деца од кој едното спие со родител на поголемото легло, балкон со поглед на море, сопствен тоалет, мини кујна со прибор за готвење и јадење, плазма ТВ, клима и wi-fi.

GPS Координати: 40°4’35″N,23°26’50″E

Цените се изразени за наем на студио за 7 ноќевања

Цените се изразени во ЕУР, плаќање исклучиво во денарска противвредност од 61,8МКД

При резервација се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата и тоа најдоцна до 15 дена пред реализација на аранжманот.

Услови за „early booking“: За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.

На ПРОМО цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација, истите се резервираат со 50% аконтација.

-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 30.04.2020

Вила Теа – Калитеа
Период Ноќевања 2+1 1/3+1
24.05-31.05.20 7 79 89
31.05-07.06.20 7 89 119
07.06-14.06.20 7 129 169
14.06-21.06.20 7 219 239
21.06-28.06.20 7 289 299
28.06-05.07.20 7 319 329
05.07-12.07.20 7 339 349
12.07-19.07.20 7 379 389
19.07-26.07.20 7 389 409
26.07-02.08.20 7 419 429
02.08-09.08.20 7 419 429
09.08-16.08.20 7 419 429
16.08-23.08.20 7 419 429
23.08-30.08.20 7 389 399
30.08-06.09.20 7 349 359
06.09-13.09.20 7 259 269
13.09-20.09.20 7 229 239
20.09-27.09.20 7 159 169

– Доплата за туристичка такса 0,5€ по соба на ден (се плаќа во објектот)

Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Калитеа чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ ОД СКОПЈЕ ЗА ХАЛКИДИКИ (СЕКОЈА НЕДЕЛА):
– Скопје (Дрводекор) – 35€ по лице
– Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 40€ по лице
– Струмица (бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) – Трансфер до Удово – 40€ по лице
– Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35€ по лице
– Удово (бензинска пумпа, Удово) – 35€ по лице
– Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35€ по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ ОД БИТОЛА ЗА ХАЛКИДИКИ:
– Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон) – 30€ по лице
– Прилеп (бензинска пумпа Салида) – Трансфер до Битола – 30€
– Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола – 35€ по лице
– Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола – 35€ по лице
– Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола – 35€ по лице
– Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола – 35€ по лице

– Деца од 2 до 11,99 години – попуст 10еур од редовната цена 15еур за Битола и Прилеп
– Деца до 1,99 години – бесплатно
– Возрасни лица над 63 години – 10еур попуст

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ ОД СКОПЈЕ ЗА ХАЛКИДИКИ:
– 03:40h Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес
– 04:00h Скопје (Дрводекор)
– 04:30h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
– 05:00h Неготино (бензинска пумпа, Неготино)
– 05:00h Струмица (бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) – Трансфер до Удово
– 05:40h Удово (бензинска пумпа, Удово)
– 06:00h Граничен премин (бензинска пумпа Шимов)

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ ОД БИТОЛА ЗА ХАЛКИДИКИ:
– 04:00h Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон)
– 03:15h Прилеп (бензинска пумпа Салида) – Трансфер до Битола
– 02:15h Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
– 02:15h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола
– 02:30h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола
– 03:15h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола

ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА:
– 15:00h локално време Калитеа (14:00h македонско време)
– 14:45h локално време Полихроно (13:45h македонско време)
– 14:30h локално време Ханиоти (13:30h македонско време)
– 14:15h локално време Пефкохори (13:15h македонско време)

– Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во агенција
– Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето
– Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ:
– За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст
– Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител
– Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус
– Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

Тимот на ТА ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.