Кефалонија е најголемиот остров од групите Јонски острови. Името го добило според својот изглед (остров со глава) – кефало на грчки значи глава. Интересната историја најдобро ја опишал Луис де Бернијер во својот бестселер „Мандолината на капетанот Корели“. Истоимениот филм со познатите Николас Кејџ и Пенелопе Круз во главните улоги го прославил овој остров ширум светот. Кефалонија има околу 250 километри долга плажа, а најпознатата е во заливот Митрос, која е една од петте најубави плажи во целиот Медитеран. Островот се состои од два поврзани дела, источен и западен помеѓу кои се наоѓа заливот Аргостоли.

Плажа Миртос. Се вели дека не сте биле на Кефалонија ако не сте го посетиле ова место. Заштитниот знак на островот и една од најсликовитите плажи во Грција. Водата е нереално бистра и се гледа буквално секое камче на дното. Плажата е огромна и колку и да има туристи, можете да си најдете место за себе.

Скала. Скала е едно од најпосетуваните места на Кефалонија, а како не би било кога тука имате буквално се што ви треба за да имате совршен одмор: уредени долги плажи, ресторани, барови, таверни и тоа што е најважно, мирисот на морето. Плажата е мешана со ситни камчиња и песок.

Вила МАКЕДОНИЈА е сместена на околу 40 метри од плажата и главниот плоштад на Порос во првата уличка. Се состои од двокреветни и трокреветни студија, и четворокреветни апартмани. Сите соби имаат кујна со прибор за соодветниот број на лица и тераса. Вилата се наоѓа на околу 270 метри или 3 минути од најблискиот базен, кој е достапен за гостите со конзумација. Вилата има безжичен интернет и клима уред за чие користење со доплатува по желба на лице место.

Цените се изразени по лице за наем на студио за 9 ноќевања

Цените се изразени во ЕУР, плаќање исклучиво во денарска противвредност од 61,8МКД

Вила Македонија – Порос
Период Ноќевања Студио 1/2 Студио 1/3 Студио 1/4 Студио 1/5
13.06-22.06.20 9
22.06-01.07.20 9
01.07-10.07.20 9
10.07-19.07.20 9
19.07-28.07.20 9
28.07-06.08.20 9
06.08-15.08.20 9
15.08-24.08.20 9
24.08-02.09.20 9
02.09-11.09.20 9
11.09-20.09.20 9

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
– 9 ноќевања во една од избраните вили, остров Кефалонија.
– Автобуски превоз на дадената релација
– Туристички придружник за време на патувањето.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
– Задолжителна доплата за траект 25 евра по лице (повратен) се плаќа во автобус.
– Задолжително патничко осигурување 400 денари по лице.
– Задолжителна доплата на туристичка такса 0.50 центи по соба од ден (се плаќа во автобус).

НАПОМЕНИ:
– Цените се однесуваат на едно лице за 9 ноќевања во една од избраните вили, автобуски превоз.
– Задолжителна доплата за траект во двата правци 25 евра по лице – се плаќа во автобус.
– Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (400 денари за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
– Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
– За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
– За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
– Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата.
– Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две).
– Доплата за клима 5 евра од ден по желба.
– Агенцијата не гарантира за брзината и квалитетот на интернетот во вилите.

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:
– Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен.
– Дете од 3 до 12 години плаќаат 50% од сумата доколку се сместени со две возрасни лица.

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:
– Check in во собите е после 14h по грчко време.
– Check out е до 09h. Багажот се остава во рецепцијата, предвидена за куфери.
– Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж.
– Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот.
– Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.
– Вилите имаат интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
Тргнување во Скопје според дадениот датум во вечерните часови. Следува возење преку Меџитлија – Битола и попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Килини од каде се качуваме на траект до Лаганас. Сместување во апартманите. За време на престојот на Закинтос ќе има организирани програми: посети на најубавите плажи, ноќни забави, посета на пештери и крстарења. Последниот ден од престојот во најавено време одјавување од апармтаните и враќање во Македонија.

Тимот на ТА ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.