Вила ДИМИТРИС се наоѓа во мирниот дел на Ипсос, на само 300 метри од плажата. Вилата располага со шест двокреветни студија кои се на првиот кат, и едно двокреветно студио кое се наоѓа на приземје. Во две соби постои можност за додавање на трет дополнителен кревет (на првиот кат). Секоја соба располага со мини кујна, решо, основен прибор за соодветниот број лица, фрижидер, тераса, клима (со доплата од 5 евра од ден по желба) и интернет. За секој патник следува по еден пешкир, додека основните лични средства за хигиена (шампон, сапуни, како и сунгерчиња, сјај за садови и тоалетна хартија) се ваша одговорност. Вилата Димитрис е единствената вила на Крф, со сопствен систем за вода и затоа е дозволено пиење на водата од чешма. Вилата има голем двор со скара кој им е достапен на сите гости за уживање и релаксација. Вилата располага со сопствен паркинг.

Цените се изразени по лице за наем на студио за 7 ноќевања

Цените се изразени во ЕУР, плаќање исклучиво во денарска противвредност од 61,8МКД

Вила Димитрис – Ипсос
Период Ноќевања 1/4 + 1/5 1/2 + 1/3
23.05-30.05.20 7 89 99
30.05-06.06.20 7 109 119
06.06-13.06.20 7 119 129
13.06-20.06.20 7 119 129
20.06-27.06.20 7 129 139
27.06-04.07.20 7 139 149
04.07-11.07.20 7 149 159
11.07-18.07.20 7 159 169
18.07-25.07.20 7 229 239
25.07-01.08.20 7 229 239
01.08-08.08.20 7 229 239
08.08-15.08.20 7 229 239
15.08-22.08.20 7 229 239
22.08-29.08.20 7 229 239
29.08-05.09.20 7 159 169
05.09-12.09.20 7 149 159
12.09-19.09.20 7 129 139
19.09-26.09.20 7 99 109

НАПОМЕНИ:
– Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз.
– Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 18 евра ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
– Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА туристичка такса од 0.50 центи по соба на ден. Се плаќа во автобус.
– Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (5 евра за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
– Можност за плаќање: Акциите со попуст важат само со целосна уплата на аранжманот и траат до пополнување на местата. Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка или онлине.
– За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
– Возрасен на дополнителен кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот, плус 18 евра за траект.
– Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз.
– За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
– Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата.
– Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 5 евра (освен првите две).
– Цена само за превоз 50 евра со доплата од 18 евра за траект – во два правци.
– Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата.
– Доколку странката сака да донесе домашно милениче во сместувачките капацитети, должна е да ја праша агенцијата дали е дозволено сместување на миленичињa.

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:
– Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен.
– Дете од 3 до 12 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 18 евра за траект.
– Дете од 3 до 12 години на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот и плус 18 евра за траект.

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:
– Check in во собите е после 14h по грчко време.
– Check out е до 09h. Багажот се остава во делот предвиден за куфери.
– Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж.
– Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот.
– Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.
– Вилата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот

Тимот на ТА ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.