Вила ЕЛЕНИ се наоѓа во мирниот дел на Ипсос, на 250 метри од плажата. Вилата е комплекс од три понови згради, со голем базен. Располага со двокреветни и трокреветни студија. Сите соби имаат поглед на базен и се распределни на високо приземје и прв кат. Сите соби имаат комплетно опремена мини кујна со решо, основен прибор за соодветниот број на лица, фрижидер, тоалет, ТВ и тераса. Вилата има интернет (чиј сигнал е најдобар кај барот, каде се наоѓа рутерот). За секој патник следува по еден пешкир, додека основните лични средства за хигиена (шампон, сапуни, како и сунгерчиња, сјај за садови и тоалетна хартија) се ваша одговорност.

Базенот е достапен за гостите со бесплатна лежалка, а исто така има и бар. Постои можност за изнајмување на клима која се доплатува на лице место и изнесува 6 евра од ден.

Цените се изразени по лице за наем на студио за 7 ноќевања

Цените се изразени во ЕУР, плаќање исклучиво во денарска противвредност од 61,8МКД

Вила Елени – Ипсос
Период Ноќевања 1/2 и 1/3
23.05-30.05.20 7 99
30.05-06.06.20 7 119
06.06-13.06.20 7 129
13.06-20.06.20 7 139
20.06-27.06.20 7 149
27.06-04.07.20 7 159
04.07-11.07.20 7 169
11.07-18.07.20 7 189
18.07-25.07.20 7 209
25.07-01.08.20 7 219
01.08-08.08.20 7 229
08.08-15.08.20 7 229
15.08-22.08.20 7 229
22.08-29.08.20 7 199
29.08-05.09.20 7 169
05.09-12.09.20 7 159
12.09-19.09.20 7 139
19.09-26.09.20 7 109

НАПОМЕНИ:
– Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз.
– Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 18 евра ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
– Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА туристичка такса од 0.50 центи по соба на ден. Се плаќа во автобус.
– Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (5 евра за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
– Можност за плаќање: Акциите со попуст важат само со целосна уплата на аранжманот и траат до пополнување на местата. Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка или онлине.
– За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
– Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз.
– За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
– Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата.
– Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 5 евра (освен првите две).
– Цена само за превоз 50 евра со доплата од 18 евра за траект – во два правци.
– Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата.
– Доколку странката сака да донесе домашно милениче во сместувачките капацитети, должна е да ја праша агенцијата дали е дозволено сместување на миленичињa.

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:
– Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен.
– Дете од 3 до 12 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 18 евра за траект.

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:
– Check in во собите е после 14h по грчко време.
– Check out е до 09h. Багажот се остава во делот предвиден за куфери.
– Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж.
– Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот.
– Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.
– Вилата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот

Тимот на ТА ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.