Вила МИНАС ЛУКС се наоѓа на 150 метри од плажата и се состои од две згради. Вилата има базен со лежалки (бесплатно) и се состои од двокреветни студија и четврокреветни апартмани (дуплекси). Сите соби имаат мини кујна, фрижидер, решо, прибор за соодветниот број на лица, тоалет, ТВ, клима (со доплата по желба) и балкони кои гледаат према базенот, wi-fi интернет (агенцијата не сносува одговорност за брзината и квалитетот на истиот). Во некои од студијата постои можност за додавање на трет дополнителен кревет. За секој патник следува по еден пешкир, додека основните лични средства за хигиена (шампон, сапуни, како и сунгерчиња, сјај за садови и тоалетна хартија) се ваша одговорност. Во дуплексите има две клими кои посебно се наплатуваат 5 евра од ден, по желба.

Цените се изразени по лице за наем на студио за 7 ноќевања

Цените се изразени во ЕУР, плаќање исклучиво во денарска противвредност од 61,8МКД

Вила Димитрис – Ипсос
Период Ноќевања 1/2 Студио
23.05-30.05.20 7 79
30.05-06.06.20 7 99
06.06-13.06.20 7 109
13.06-20.06.20 7 119
20.06-27.06.20 7 129
27.06-04.07.20 7 139
04.07-11.07.20 7 149
11.07-18.07.20 7 169
18.07-25.07.20 7 189
25.07-01.08.20 7 199
01.08-08.08.20 7 209
08.08-15.08.20 7 209
15.08-22.08.20 7 209
22.08-29.08.20 7 179
29.08-05.09.20 7 149
05.09-12.09.20 7 139
12.09-19.09.20 7 109
19.09-26.09.20 7 79

НАПОМЕНИ:
– Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз.
– Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 18 евра ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
– Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА туристичка такса од 0.50 центи по соба на ден. Се плаќа во автобус.
– Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (5 евра за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
– Можност за плаќање: Акциите со попуст важат само со целосна уплата на аранжманот и траат до пополнување на местата. Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка или онлине.
– За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
– Возрасен на дополнителен кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот, плус 18 евра за траект.
– Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз.
– За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
– Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата.
– Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 5 евра (освен првите две).
– Цена само за превоз 50 евра со доплата од 18 евра за траект – во два правци.
– Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата.
– Доколку странката сака да донесе домашно милениче во сместувачките капацитети, должна е да ја праша агенцијата дали е дозволено сместување на миленичињa.

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:
– Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен.
– Дете од 3 до 12 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 18 евра за траект.
– Дете од 3 до 12 години на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот и плус 18 евра за траект.

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:
– Check in во собите е после 14h по грчко време.
– Check out е до 09h. Багажот се остава во делот предвиден за куфери.
– Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж.
– Четворокреветните соби се со две посебни спални соби и тераси, физички одвоена кујна и одвоен тоалет.
– Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот.
– Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.
– Вилата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот

Тимот на ТА ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.