Никиана е мало рибарско место кое се наоѓа измеѓу главниот град Лефкас и Нидри. Ова место има идеална местоположба за сите оние кои сакаат да го истражуваат прекрасниот остров, исто така близината на главниот град дава можност за шопинг и ноќни забави. Поради прекрасната околина богата со вегетација и преполна со маслинови дрва Никиана стана една од омилените дестинации на Лефкада за сите оние кои сакаат релаксација и ослободување од стрес. Во Никиана има три различни поголеми песочни плажи и неколку мали романтични плажи на кои можете да уживате под природни сенки, исто така местото има автобуска постојка која Ви дава можност да ги посетите преубавите плажи и градови на Лефкада со автобус. Во Никиана можете да уживате во таверни кои служат прекрасна морска храна, кафе барови и супермаркети распоредени на главната улица и покрај плажата.

Вила ПОРТО ФИНО се наоѓа на самиот магистрален пат, на 30метри од плажа, во нејзина близина има неколку ресторани, таверни и пекара. Вилата располага со трокреветни и четворокреветни студија кои се наоѓаат на прв кат.

Трокреветните студија имаат едно дупло легло и едно единечно, четворокреветните имаат едно дупло легло и кревечтчиња на спрат. Сите студија располагаат со мини кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (доплата од 5еур на ден), ТВ, тераса.

GPS координати: 38°45’19.1″N 20°43’10.4″E

Цените се изразени за наем на соба за 7 ноќевања

Цените се изразени во ЕУР, плаќање исклучиво во денарска противвредност од 61,8МКД

На ПРОМО цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација, истите се резервираат со 50% аконтација.

-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 30.04.2020

Вила Порто Фино – Никиана
Период Ноќевања Студио 1/3
26.05-02.06.20 7 69
02.06-09.06.20 7 79
09.06-16.06.20 7 109
16.06-23.06.20 7 189
23.06-30.06.20 7 229
30.06-07.07.20 7 259
07.07-14.07.20 7 309
14.07-21.07.20 7 349
21.07-28.07.20 7 399
28.07-04.08.20 7 399
04.08-11.08.20 7 399
11.08-18.08.20 7 399
18.08-25.08.20 7 369
25.08-01.09.20 7 339
01.09-08.09.20 7 339
08.09-15.09.20 7 289
15.09-22.09.20 7 109
22.09-29.09.20 7 69

Доплата за туристичка такса 0,5€ по соба на ден (се плаќа во објектот)

Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Лефкада чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ ОД СКОПЈЕ ЗА ЛЕФКАДА:
– Скопје (Дрводекор) – 45€ по лице
– Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 50€ по лице
– Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) – 45€ по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ ОД БИТОЛА ЗА ЛЕФКАДА:
– Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон) – 40€ по лице
– Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил) – Трансфер до Битола – 45€
– Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола – 45€ по лице
– Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) -Трансфер до Битола – 45€ по лице
– Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола – 45€ по лице
– Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола – 45€ по лице

Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe.

– Деца од 2 до 11,99 години – попуст 15еур од редовната цена од Битола и 10еур од Скопје
– Деца до 1,99 години – бесплатно
– Возрасно лице 63 години – попуст 10еур

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ ЗА ЛЕФКАДА:
– 01:00h Скопје (Дрводекор) трансфер до Битола
– 01:45h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) трансфер до Битола
– 12:45h Штип (паркинг пред пошта) трансфер до Битола
– 02:30h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол, Дреново) трансфер до Битола
– 03:20h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил)
– 04:00h Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон)
– 03.15h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
– 02:30h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
– 02.15h Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
– 02:45h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол)

– Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во агенција
– Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето
– Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ:
– За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст
– Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител
– Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус
– Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

Тимот на ТА ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.