НИКИТИ БЕЈ апартмани се нов објект дел од понудата Грција лето 2020. Оваа релативно нова градба, изградена е 2014 год. a сите соби се реновирани 2018/2019 год. Вилата е лоцирана во живописното приморско гратче Никити, бисерот на Ситонија, на 150м од плажа, во мирниот дел на градот. Од центарот е оддалечена 500м каде секој ќе најде бројни содржини за сечиј вкус продавнички, таверни и кафулиња. Објектот располага со 18 сместувачки единици – студија, распоредени на прв и втор кат од кои дел се трокреветни, а дел четворокреветни. Секое од модерно опремените студија е опремено со мини кујна со фрижидер, решо и прибор согласно капацитетот на собата, тоалет со туш, балкон, ТВ, клима (бесплатно), Wi-Fi интернет (бесплатно) и голем двор. За гостите кои патуваат со свое возило, вилата располага со свој приватен паркинг. Заради монденскиот карактер на самото гратче Никити, како и непосредната близина на некои од најубавите плажи на Халкидики, вилата е погоден избор како за фамилијарен одмор, така и за парови, млади и секаков тип на гости.

GPS Координати: 40.222535, 23.660944

Цените означени со (*) за 7 ноќи/8 дена, се дадени за наем на студио без вклучен превоз

Цените кои НЕ се означени со (*) се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз

Цените се изразени во ЕУР, плаќање исклучиво во денарска противвредност од 61,8МКД

При резервација се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата и тоа најдоцна до 15 дена пред реализација на аранжманот.

Услови за „early booking“: За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.

-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 30.04.2020

Никити Беј апартмани – Никити
Период Ноќевања Студио 1/2+1 (макс. 3 лица) Студио 1/2+2 (макс. 4 лица)
24.05-31.05.20 7 89 99
31.05-07.06.20 7 119 129
07.06-14.06.20 7 149 159
14.06-21.06.20 7 159 169
21.06-28.06.20 7 179 189
28.06-05.07.20 7* 329 349
05.07-12.07.20 7* 379 399
12.07-19.07.20 7* 399 429
19.07-26.07.20 7* 419 459
26.07-02.08.20 7* 419 459
02.08-09.08.20 7* 419 459
09.08-16.08.20 7* 399 439
16.08-23.08.20 7* 389 409
23.08-30.08.20 7 159 169
30.08-06.09.20 7 149 159
06.09-13.09.20 7 119 129
13.09-20.09.20 7 89 99
20.09-27.09.20 7 59 79

– Доплата за туристичка такса 0,5€ по соба на ден (се плаќа во објектот)

Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Никити чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ ОД СКОПЈЕ ЗА СИТОНИЈА (СЕКОЈА НЕДЕЛА):
– Скопје (Дрводекор) – 40€ по лице
– Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 45€ по лице
– Струмица (бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) – Трансфер до Удово – 45€ по лице
– Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 40€ по лице
– Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35€ по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ ОД БИТОЛА ЗА СИТОНИЈА:
– 3:00 Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон) – 35€ по лице

– Деца од 2 до 11,99 години – попуст 10еур од редовната цена 15еур за Битола и Прилеп
– Деца до 1,99 години – бесплатно
– Возрасни лица над 63 години – 10еур попуст

– Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во агенција
– Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето
– Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ:
– За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин
– Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител
– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време)
– Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот
– Превоз од: Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија
– Автобусот ги остава/зема патниците на околу 100m од вилата
– Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

Тимот на ТА ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.