ЈК НИКИТИ КЛУБ е бивши хотел Торонеос, кој е реновиран и пренаменет во апартманско сместување. Истиот се наоѓа на 150м од плажа, на почетокот на Никити, веднаш на влез во самото летно одмаралиште. Вилата се состои од 2 згради, со едно студио на високо приземје(4+1),и останатите 2+1 и 3+1 соби на први и втори спрат. Собите се опремени со чајна кујна со основен прибор за готвење и јадење, клима вклучена во цената.

Студио 2+1 се состои од 2 редовни легла + 1 на развлекување, во кое можат да се сместат 3 возрасни лица+1 дете до 5,99год кое нема легло туку дели спален кревет со родителите

Студио 3+1 се состои од 3 редовни легла + 1 на развлекување, во кое можат да се сместат 4 возрасни лица+1 дете до 5,99год кое нема легло туку дели спален кревет со родителите

Студио 4+1 на високо приземје се состои од 4 редовни легла + 1 на развлекување, во кое може да се сместат 5 возрасни лица+1 дете до 5,99год кое нема легло туку дели спален кревет со родителите

GPS Координати: 40.221985, 23.660302

Цените се изразени за наем на студио за 7 ноќевања

Цените се изразени во ЕУР, плаќање исклучиво во денарска противвредност од 61,8МКД

При резервација се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата и тоа најдоцна до 15 дена пред реализација на аранжманот.

Услови за „early booking“: За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.

-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 30.04.2020

ЈК Никити Клуб – Никити
Период Ноќевања 1/2+1 студио 1/3+1 студио 1/3+1 студио SV 1/4+1 студио
24.05-31.05.20 7 89 99 119 139
31.05-07.06.20 7 109 129 139 169
07.06-14.06.20 7 149 159 189 229
14.06-21.06.20 7 229 249 279 299
21.06-28.06.20 7 289 319 379 399
28.06-05.07.20 7 339 349 409 429
05.07-12.07.20 7 349 369 439 479
12.07-19.07.20 7 379 389 459 489
19.07-26.07.20 7 419 429 479 509
26.07-02.08.20 7 419 429 479 509
02.08-09.08.20 7 419 429 479 509
09.08-16.08.20 7 419 429 479 509
16.08-23.08.20 7 419 429 479 509
23.08-30.08.20 7 369 389 419 439
30.08-06.09.20 7 339 359 369 389
06.09-13.09.20 7 249 269 299 329
13.09-20.09.20 7 109 129 139 169
20.09-27.09.20 7 89 99 129 149

– Доплата за туристичка такса 0,5€ по соба на ден (се плаќа во објектот)

Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Никити чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ ОД СКОПЈЕ ЗА СИТОНИЈА (СЕКОЈА НЕДЕЛА):
– Скопје (Дрводекор) – 40€ по лице
– Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 45€ по лице
– Струмица (бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) – Трансфер до Удово – 45€ по лице
– Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 40€ по лице
– Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35€ по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ ОД БИТОЛА ЗА СИТОНИЈА:
– 3:00 Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон) – 35€ по лице

– Деца од 2 до 11,99 години – попуст 10еур од редовната цена 15еур за Битола
– Деца до 1,99 години – бесплатно
– Возрасни лица над 63 години – 10еур попуст

– Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во агенција
– Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето
– Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ:
– За уплата на два последователни термини, одобруваме 7% попуст на вториот термин
– Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител
– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време)
– Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот
– Превоз од: Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија
– Автобусот ги остава/зема патниците на околу 100m од вилата
– Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

Тимот на ТА ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.