Закинтос – Тука се одморале Аполон и Артемида. Биле маѓепсани од тројанскиот принц Закинтос, кој прв го открил островот и по него по добило своето име. Поради природната убавина за него се бореле Римјаните, Византијците и Млеќаните. Се верувал дека островот прва го посетила Марија Магдалена, па оттука се проширило христијанството, кое е важен дел од нивната култура.

ЛАГАНАС – место за забава.
Лаганас е место каде забавата не застанува. Со бројните клубови по главната улица, нејзината околина и плажите, местото е рај за забава. Големата песочна плажа од 9 километри дава голем избор за уживање. Островот е прилично мал, па така сите плажи се близу како Дафни, Агиос Николаус и Банана Бич. Најпозната е плажата Навагио или Shipwreck на која се наоѓаат остатоци од стар пиратски брод, а морето е како од бајка.

Плажите на Закинтос се познати по својата природна убавина и препознатливата смарагдна боја на водата. Најпозната е Навагио, која има бел, мек песок, тиркизно море, импресивна карпа која може да се посети само со брод. Останатите прекрасни плажи на Закинтос се Геракос, Агиос Николаус и Спанзиа.

Вила ИОНИАН КОЛОРС се наоѓа во самиот центар на Лаганас, непосредно до главната улица, на само 150 метри од плажата. Во околината на вилата и главната улица се наоѓаат бројни објекти за забава, ресторани, кафетерии, забавни музички клубови, маркети. Вилата има сопствен паркинг и wi-fi интернет.

Сите соби се студија (двокреветни соби) кои се модерно опремени и пространи со брачен или два одвоени кревета и во собата има кујнски простор (фрижидер, решо и доволен прибор за соодветниот број на лица), клима (со доплата), тоалет. Секоја соба има своја тераса со гарнитура за седење. Во собите нема можност за додавање на трет дополнителен кревет.

Цените се изразени по лице за наем на студио за 9 ноќевања

Цените се изразени во ЕУР, плаќање исклучиво во денарска противвредност од 61,8МКД

Вила Ионион Колорс – Лаганас
Период Ноќевања Студио 1/2
13.06-22.06.20 9 179
22.06-01.07.20 9 189
01.07-10.07.20 9 209
10.07-19.07.20 9 229
19.07-28.07.20 9 249
28.07-06.08.20 9 269
06.08-15.08.20 9 259
15.08-24.08.20 9 229
24.08-02.09.20 9 194
02.09-11.09.20 9 169
11.09-20.09.20 9 149

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
– 9 ноќевања во една од избраните вили, остров Закинтос.
– Автобуски превоз на дадената релација
– Туристички придружник за време на патувањето.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
– Задолжителна доплата за траект 25 евра по лице (повратен) се плаќа во автобус.
– Задолжително патничко осигурување 400 денари по лице.
– Задолжителна доплата на туристичка такса 0.50 центи по соба од ден (се плаќа во автобус).

НАПОМЕНИ:
– Цените се однесуваат на едно лице за 9 ноќевања во една од избраните вили, автобуски превоз.
– Задолжителна доплата за траект во двата правци 25 евра по лице – се плаќа во автобус.
– Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (400 денари за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
– Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
– За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
– За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
– Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата.
– Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две).
– Доплата за клима 5 евра од ден по желба.
– Агенцијата не гарантира за брзината и квалитетот на интернетот во вилите.

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:
– Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен.
– Дете од 3 до 12 години плаќаат 50% од сумата доколку се сместени со две возрасни лица.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
Тргнување во Скопје според дадениот датум во вечерните часови. Следува возење преку Меџитлија – Битола и попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Килини од каде се качуваме на траект до Лаганас. Сместување во апартманите. За време на престојот на Закинтос ќе има организирани програми: посети на најубавите плажи, ноќни забави, посета на пештери и крстарења. Последниот ден од престојот во најавено време одјавување од апармтаните и враќање во Македонија.

Тимот на ТА ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.