Закинтос – Тука се одморале Аполон и Артемида. Биле маѓепсани од тројанскиот принц Закинтос, кој прв го открил островот и по него по добило своето име. Поради природната убавина за него се бореле Римјаните, Византијците и Млеќаните. Се верувал дека островот прва го посетила Марија Магдалена, па оттука се проширило христијанството, кое е важен дел од нивната култура.

ЛАГАНАС – место за забава.
Лаганас е место каде забавата не застанува. Со бројните клубови по главната улица, нејзината околина и плажите, местото е рај за забава. Големата песочна плажа од 9 километри дава голем избор за уживање. Островот е прилично мал, па така сите плажи се близу како Дафни, Агиос Николаус и Банана Бич. Најпозната е плажата Навагио или Shipwreck на која се наоѓаат остатоци од стар пиратски брод, а морето е како од бајка.

Плажите на Закинтос се познати по својата природна убавина и препознатливата смарагдна боја на водата. Најпозната е Навагио, која има бел, мек песок, тиркизно море, импресивна карпа која може да се посети само со брод. Останатите прекрасни плажи на Закинтос се Геракос, Агиос Николаус и Спанзиа.

Вила КРИСТИНА се наоѓа во Лаганас на мирна улица, оддалечена 150 метри од главната улица, и на 5 минути од плажата. Вилата има двокреветни и трокреветни соби и секоја има кујнски дел со решо и фрижидер, како и заедничка тераса. Некои од студијата имаат можност за изнајмување на клима со доплата, а користењето на сеф е вклучено во цената на аранжманот. Покрај вилата има маркет, а за љубителите на електронската музика во близина се наоѓа и клубот club Ocean Inn.

Цените се изразени по лице за наем на студио за 9 ноќевања

Цените се изразени во ЕУР, плаќање исклучиво во денарска противвредност од 61,8МКД

Вила Кристина – Лаганас
Период Ноќевања Студио 1/2 – 1/3
13.06-22.06.20 9 179
22.06-01.07.20 9 189
01.07-10.07.20 9 209
10.07-19.07.20 9 229
19.07-28.07.20 9 249
28.07-06.08.20 9 269
06.08-15.08.20 9 259
15.08-24.08.20 9 229
24.08-02.09.20 9 194
02.09-11.09.20 9 169
11.09-20.09.20 9 149

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
– 9 ноќевања во една од избраните вили, остров Закинтос.
– Автобуски превоз на дадената релација
– Туристички придружник за време на патувањето.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
– Задолжителна доплата за траект 25 евра по лице (повратен) се плаќа во автобус.
– Задолжително патничко осигурување 400 денари по лице.
– Задолжителна доплата на туристичка такса 0.50 центи по соба од ден (се плаќа во автобус).

НАПОМЕНИ:
– Цените се однесуваат на едно лице за 9 ноќевања во една од избраните вили, автобуски превоз.
– Задолжителна доплата за траект во двата правци 25 евра по лице – се плаќа во автобус.
– Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (400 денари за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
– Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
– За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
– За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
– Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата.
– Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две).
– Доплата за клима 5 евра од ден по желба.
– Агенцијата не гарантира за брзината и квалитетот на интернетот во вилите.

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:
– Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен.
– Дете од 3 до 12 години плаќаат 50% од сумата доколку се сместени со две возрасни лица.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
Тргнување во Скопје според дадениот датум во вечерните часови. Следува возење преку Меџитлија – Битола и попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Килини од каде се качуваме на траект до Лаганас. Сместување во апартманите. За време на престојот на Закинтос ќе има организирани програми: посети на најубавите плажи, ноќни забави, посета на пештери и крстарења. Последниот ден од престојот во најавено време одјавување од апармтаните и враќање во Македонија.

Тимот на ТА ОРБИТА Ви посакува пријатен одмор.