Околностите за целиот свет се променија, а патувањата од задоволство станаа предизвик за сите нас. Еуролинк осигурување го прилагоди своето патничко осигурување со цел да одговори на овие предизвици и да им помогне на своите клиенти повторно да патуваат безгрижно!

Започнувајќи од 01.10.2020 година, со измени и дополнување на условите за патничко осигурување, Еуролинк обезбедува проширување на покритието и со тоа најдобро решение за патничко осигурување на пазарот. Измените и дополнувањата предвидуваат:

  • Проширено покритие за патничко осигурување кое покрива трошоци за лекување од КОВИД-19 во итен случај
  • Дополнително покритие на сите патни трошоци за непланирано враќање во земјата поради лекување од КОВИД-19 во итен случај. Патните трошоци за превоз ќе бидат покриени за осигуреникот, членовите на потесното семејство и возилото со кое патувале доколку заради лекувањето враќање со возилото не е возможно.

За сите дополнителни информации ве молиме да не контактирате.

ПАТУВАЈТЕ БЕЗГРИЖНО!