КРФ

  • Битола-Игуменица-Крф

    Состанок на групата во 05.00 часот. Поаѓање кон граничниот премин Меџитлија. После обавувањето на царинските формалности патувањето продолжува кон Гревена, Јанина, се до Игуменица. Патување со попатни одмори. Пристигнување во Игуменица во претпладневните часови. Влегување во брод и пловидба до Крф. Пристигнување на Крф. Трансфер и сместување. Во попладневните часови организиран разглед на градот Крф и неговите знаменитости вклучувајќи ја и прекрасната Црква на Свети Спиридон од 16 век каде се и моштите на овој светец кој е заштитник на островот. Слободно време за прошетка низ прекрасните улици на градот. Во попладневните часови се следи церемонијата за изнесување на епитафите од Црквата Св. Ѓорѓи и другите цркви. Околу 21 часот се изнесува и последниот епитаф од Митрополијата и започнува процесијата “Оплакувањето на Исус”. Ноќевање.

  • Крф

    Во договорно време заминување за следење на процесијата со големата поворка за житијата на патронот и заштитник на Крф Св. Спиридон. пропратен со тажниот мелос. Проследување на традиционалните локални обичаи. Околу 20.30 часот заминување кон градот каде се исчекува веста за ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ на плоштадот каде е целиот осветлен од илјадниците свеќи во рацете на верниците. Огномет и прослава. Ноќевање.

  • Крф

    Ден на радоста – Прв ден Велигден. По улиците е живо и весело – по традиција се кршат велигденски јајца. Она што Крф го разликува од другите места е традицијата на кршење на стомни и глинени садови полни со вода кои граѓаните ги фрлаат од своите куќи. Слободно време. Посета на Ахилеовата Палата и можност за посета на фабрика за производство на ликери од шумкасто овошје кое единствено расте на островот. Во попладневните часови слободно време за прошетка и лични активности низ градот Крф. Враќање во апартманите. Ноќевање.

  • Крф-Игуменица-Битола

    Организирана посета на северниот дел на островот и на Византискиот Манастир од 13 век посветен на Света Богородица. Посета на Палеокастрица. Поаѓање кон Македонија. Превоз со брод од Крф до Игуменица. Пристигнување во Игуменица. Поаѓање кон Македонија. Патување со попатни одмори. Пристигнување во Битола во вечерни часови.

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 129 еврa

Во цената на аранжманот Е вклучено:

  • Автобуски превоз на дадената релација по програмата
  • Бродски превоз на релација Игуменица – Крф – Игуменица
  • Сместување во луксузни апартмани 4* (ТВ, мини кујна, клима уред)
  • Организирани разгледи на Керкира, Палеокастрица, Ахилеовата Палата, Црквата на Св. Спиридон
  • Професионален водич за цело време од патувањето
  • Организација и водство на патувањето

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:  

  • Факултативни посети на таверна, дискотека
  • Останати факултативни посети
  • Задолжително патничко осигурување

 

НАПОМЕНА:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници