КАПАДОКИЈА – СРЦЕТО НА ХРИСТИЈАНСТВОТО 

авионска програма, 3 ноќи, 4 дена

 

1 ден 08.03.2018  Скопје – Истанбул – Кајсери Состанок на групата на аеродром Александар Велики два часа пред полетување. Лет до Кајсери со меѓуслетување во Истанбул. Слетување во Кајсери во вечерните часови, трансфер од аеродром до хотел. Сместување во хотел со 4* во Аванос. Вечера и ноќевање.

 

2 ден 09.03.2018  Појадок во хотел. Заминување на разглед на регионот Кападокија –  вулканска област во која геолошката формација започнала пред 10 милиони години. Прекрасната “земја на убави коњи” Katpatuka (според старото Персиско име) е неверојатна земја, волшебна и мистериозна. Кападокискиот регион е исто така познат по своите уметности, вклучувајќи керамика и теписи. Прошетката започнува со замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија. Потоа, се посетува музејот на отворено -Ѓореме, срцето на Кападокија. Музејот е познат по фреските што датираат од 10 век, опишувајќи го животот на Исус Христос и монасите. Следна станица е Cavusin, кој е напуштено село со стари пештери и грчки куќи. Пауза за ручек. Посета на продавница за грнчарство со можност да се понесе прекрасен рачно изработен сувенир. Пауза за разглед на Pasabagi со невообичаената формација на троглава самовила, па посета на Деврент долината –  Долина на Имагинација со безброј природни камени формации налик на животни. Вечерта враќање во хотел. Вечера и ноќевање.

 

3 ден 10.03.2018  Појадок во хотелот. Заминување кон подземниот град Деринкују, еден од најдобро зачуваните и најдлабоки подземни градови во Кападокија, 55 метри длабок и 8 ката отворени за посетители. Потоа посета на долината Ихлара –  кањон долг 16 км чии две страни се  наредени со карпести цркви. Ќе имаме 3 километарски поход кој завршува со посета на една од црквите во долината. Пауза за ручек во селото Белисирма покрај реката. По ручекот ќе го посетиме манастирот Селиме, издлабен во карпите од страна на христијански монаси во 13-от век. На патот назад кон хотелот ќе застанеме во Долината на гулабите со пауза за разглед и фотографирање. Вечера и ноќевање.

 

4 ден 11.03.2018 Појадок во хотел. Слободно време до 12:00 часот за индивидуален разглед на градчето Аванос и одлична можност да се почуствува духот на жителите, да се прошета по тесните калдрмени улички кои се лизгаат по ридот, да се напиете чај или кафе во локална чајџилница и да ги купите вашите сувенири. Трансфер до аеродром во Кајсери попладне. Полетување за Скопје со меѓуслетување во Истанбул. Пристигнување  во Скопје во пладневните часови.

 

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ 440 еур


Во цената се вклучени следниве услуги

–          Авио билет на релација Скопје-Истанбул-Кајсери-Истанбул-Скопје

–          Аеродромски такси

–          Хотел со 4* во Аванос/Невшехир на база појадок и вечера

–          2 организирани ручеци за време на разгледите во Кападокија

–          Багаж од 30 кг по лице како и рачен багаж до 8 кг

–          Трансфер од аеродром во Кајсери до хотел и назад

–          Професионален водич од Македонија како и локален водич за време на патувањето

–          Сите влезници во музеите и местата од интерес.


Во цената не се вклучени следниве услуги:

–          Задолжително патничко осигурување (информации во агенцијата)

–          Индивидуални трошоци

–          НАПОМЕНА: калкулацијата е правена на минимум пријавени 20 патници. Во случај на помал број патници цената на аранжманот подлежи на промена. За резервација задолжителна уплата на аванс од 50% од вкупниот износ, целосна доплата 10 дена пред патување