Вила Диамантис се наоѓа на 1км од Ханиоти и 1,6км од центарот на Ханиоти, локациски близу до плажа, преку улица на 80метри. Вилата располага со трокреветни и четворокреветни студија, има паркинг за сите возила, скара во двор, тревник. Препорачливо за оваа вила е патување со сопствен превоз, бидејки во нејзина близина нема маркет за исхрана.

Трокреветните студија се со три регуларни легла, мини кујна со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, балкон, TV, клима без доплата и wi-fi.

Четворокреветните студија се со четири регуларни легла, мини кујна со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, балкон, TV, клима без доплата и wi-fi.

При резервација се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот

Услови за рана разервација: Потребно е 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуални во периодот на доплата

Цените се изразени по студио за 7 ноќевања без попуст во евра, плаќањето е во денарска противвредност 1еур=61,8мкд

На ПРОМО цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација, истите се резервираат со 50% аконтација.

Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Ханиоти чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја Недела)
Скопје (Дрводекор) – 35еур по лице
Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 40еур по лице
Струмица (БП Макпетрол кај нов кружен тек)-Трансфер до Удово – 40еур по лице
Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35еур по лице
Удово (бензинска пумпа Удово) – 35еур по лице
Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35еур по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:
Битола – 30еур по лице
Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола – 30еур по лице
Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола – 35еур по лице
Кичево (БП Пуцко Петрол) Трансфер до Битола – 35еур
Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 35еур по лице
Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 35еур по лице

Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена за Скопје и 15еур Битола и Прилеп
Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште
Возрасно лице над 63год – 10еур попуст

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ
*За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст
*Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до неполни 6 години во легло со родител
*Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
*Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

СААТНИЦА НА ПОАЃАЊЕ СКОПЈЕ-ХАЛКИДИКИ:
-3:40 Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес
-5:00 Струмица (БП Макпетрол нов кружен тек) Трансфер до Удово
-4:00 Скопје (Дрводекор)
-4:30 Велес (БП мотел Македонија)
-5:00 Неготино (БП Неготино)
-5:40 Удово (БП Удово)
-6:00 Граничен премин (БП Шимов)

СААТНИЦА НА ПОАЃАЊЕ ОД БИТОЛА-ХАЛКИДИКИ
-4:00 Битола (пред спортска сала)
-3:15 Прилеп (БП Салида) Трансфер до Битола
-2:15 Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
-2:45 Кичево ( БП Пуцко Петрол) Трансфер од Битола
-2:30 Охрид (БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола
-3:15 Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола

ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА:
15:00 локално време (14:00 Мак. време) Калитеа
14:45 локално време (14:00 Мак. време) Полихроно
14:30 локално време (13:30 Мак. време ) Ханиоти
14:15 локално време (13:15 Мак. време) Пефкохори

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.

Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Тимот на ТА ОРБИТА ви посакува пријатен одмор.