Куршумлиска Бања е сместена на околу 450 м надморска височина, во котлината на реката Бањска. Се наоѓа на 272 км од Белград, 73 км од Ниш, 78 км од Крушевац и 11 км од Куршумлија.

Куршумлиска Бања е позната по широкиот спектар на различни термоминерални води чии температури се движат од 14°C до завидни 67°C. Термоминералната вода која се користи во медицинскиот блок на хотелот “Планинка” и базените припаѓа на категоријата високо минерализирани, слабо-кисел натриум, хидрокарбонатни хипертеми. На гостите, во рамките на лекувањето, им е достапна и лековитата кал, направена во комбинација со термалната бањска вода, чиј изразен терапевтски ефект благотворно делува на ревматски заболувања.

Благодарение на уникатните карактеристики на термоминералните води, балнеолошките сознанија и медицинските истражувања, утврдени се следните индикации за лекување во Куршумлиска Бања:

  • Воспалителен ревматизам: ревматоиден артритис (фаза на ремисија), Бехтерева болест (почетен стадиум)
  • Дегенеративен ревматизам: спондилоза (осификација) на вратниот и лумбалниот дел од ‘рбетот, дискарртроза, дискус хернија со или без радикулопатија (пр. лумбоишијалгија, цервикобрахијалгија), гонартроза, коксартроза, остеоартроза на мали зглобови на рацете и нозете
  • Екстраартикуларен (вонзглобен) ревматизам: фиброзитис, тендинитис, бурзитис, епикондилитис („тениски“ и „голферски“ лакт)
  • Метаболички болести на зглобовите и коските: остеопороза, гихт
  • Сите видови спортски повреди
  • Состојби по скршеници на коски и хируршки интервенции на коскено-зглобниот систем (состојби по вградување на вештачки колкови и колена).

Цените се изразени по лице по ноќевање на база на Полупансион (појадок и вечера-шведска маса)

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕУР, ПЛАЌАЊЕ ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ  1 ЕУР = 62 МКД

  ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Сместување во Двокреветна соба

  •  Употреба на базени:

Отворен и внатрешен базен
Полу-олимписки базен
​Базен за релаксација со термална вода

  • Употреба на Велнес центар:

Сауни
​Парна бања
Тепидариум
Солени соби
Собата за релаксација

​  ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Туристичка такса за престој 1.2 € по лице/ноќ, 0.6 € за дете/ноќ за возраст помеѓу 7-15 год. Деца на возраст 0-7 год. не плаќаат туристичка такса.

  ДОПЛАТИ:

  • Еднокреветна соба: 9 € дневно.
  • Престој во комфорт соби: 6 € по лице дневно.
  • Престој во апартман: 10 € по лице дневно.
  • Деца до 7 години престојуваат бесплатно, од 7-10 години плаќаат 50% од наведените цени со придружба на две возрасни лица.
  Wellness ден подразбира:
  • Лекарски прегледи кај дежурни лекари за време на престојот;
  • Здравствена контрола од лекар: 24-часовна лекарска служба во хотелот,  изработка на отпусна листа;
  • Сместување во стандардна двокреветна соба
  • Исхрана на база полупансион (појадок и вечера, шведска маса)
  • Користење на отворен и затворен базен и детски базени
  • Користење на сала за забава (пинг-понг, билијард)
  • Користење на теретана
  • Користење на детска игротека
  Користење на велнес центар „Бањска“
  1. Комплекс од 8 базени со термална вода
  2. Сауна
  3. Солена соба
  4. Парна бања
  5. Ладна пештера
  6. Тепидариуми
  7. Кнеип патека
  8. Соба за релаксација
  Медицински ден подразбира велнес ден + 4 терапии дневно:
  • Електротерапија (дијадинамик, интерферентни струи, TENS, стимулатор за  мускули, солукс ламба)
  • Хидромасажа во лековита вода (бисерна бања)
  • Апликација на лековита кал (до две апликации)
  • Хидрокинезитерапија
  ❖ Сите терапии се спроведуваат по препорака на лекар и по лекарски преглед.  Терапиите ги одредува бањскиот лекар според индикациите, а се изведуваат секојдневно, вклучувајќи викенди и празници