Во најубавиот дел на бањата, на брегот на реката Моравица и опкружен со зеленило и прекрасни пејзажи, хотелот „Сунце“ ги отвори своите врати за да ви понуди незаборавни моменти на одмор и релаксација. За време на престојот гостите можат да уживаат во:

  • модерни и комфорни сместувачки единици (155 соби поделени во 14 типови),
  • богата понуда на нашиот WELLNESS & SPA центар кој се простира на 1300 м² со два затворени и еден отворен базен, голем број сауни, парни бањи, теидариуми, хидромасажна када и солена соба,
  • вкусна храна во нашите два ресторани („пансиски“ ресторан и A la carte ресторан „Тилија by Sunce“) и во лоби барот со омилените пијалоци.

Во непосредна близина на хотелот има патеки за прошетки, а Сокобања е позната по квалитетот на својот воздух. Многу познати личности, меѓу кои и Бранислав Нушиќ и Иво Андриќ, го обновувале својот дух и тело тука.
После речиси пет години напорна работа и труд, со голема чест ги отвораме вратите на хотел „Сонце“, кој е целосно реновиран според потребите на современите гости. Оригинално отворен во 1977 година, хотелот претставуваше симбол на туристичката понуда на бањата, а сега, со гордост, го претставуваме како уникатен хотел кој ќе придонесе кон промоција на овој регион и ќе биде вистински претставник на српското гостопримство. Нашата визија е да донесеме нова димензија на туризмот во Сокобања, да ги угостиме оние со префинет вкус и потреба за висококатегорен хотел, и со врвна услуга да ги задоволиме и надминеме очекувањата на нашите гости.

ЦЕНОВНИК:

За проверка на цена исклучиво информации во агенција 
поради секојдневни измени неопходно е да се провери цената пред резервација!

Во цената е вклучено:

  • Појадок и Вечера
  • Неограничено користење на Wellness and Spa (затворен базен димензи 12m x 8m, хидромасажен базен (4m x 9m), финска сауна, био сауна, софт сауна, парна бања, џакузи, kneipp базен, ледена фонтана, калдариум, тропски тушеви….
  • Неограничено користење на фитнес центар;
  • Wi- Fi низ цел хотел;
  • Игротека за деца;
  • Надворешен паркинг;

Во цената не е вклучено:

  • Туристичка такса 1,20€ по лице на ден возрасни, Деца 7-14,99 години плаќа 0,60€ по лице на ден; Деца 0-6,99 плаќат 0,30€ по лице на ден (наплата се врши во агенција);

Услови:

  • 2 деца до 6,99 години ГРАТИС во присуство на две возрасни лица;
  • Деца 7-14,99 години во присуство на две возрасни лица плаќаат 22€ по лице на ден;
  •  Tрето и Четврто возрасно лице 28€ на дополнително легло по лице на ден;

Политика за откажување:

  • 22 дена пред почетокот на аранжманот без пенали;
  • Во случај на непристигнување (No Show) или предвремено заминување на гостите од хотелот, хотелот задржува 100%;