• Битола – Крушево – Прилеп – Кавадарци – Неготино – Дојран – Струмица

    Посета на античкиот град Хераклеа, Музејот на Албанската азбука, Јени Џамијата, Исак Џамијата, црквата Св. Димитрија, Градскиот часовник и прошетка по Широк Сокак. Заминување кон Крушево. Патување преку Демир Хисар.
    Крушево: Мечкин Камен, Македониумот, гробот и спомен куќата на Тоше Проески.
    Прилеп: Могилата на непобедените, Споменикот на Александар Македонски, Плоштадот и Старата Чаршија.
    Панорамски разглед на Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Дојран.
    Струмица: Посета на манастирите Водоча, Вељуса. Сместување во хотел. Вечера. Разглед на градот. Ноќевање.

  • Струмица – Радовиш – Штип – Велес – Скопје – Тетово – Гостивар – Маврово

    Појадок. Заминување кон Радовиш.
    Радовиш: Посета на црквата Св. Троица во Радовиш.
    Штип: Панорамски разглед на градот: црквата Св. Никола, Музејот.
    Велес: Панорамски разглед на спомен Костурницата, Саат Кулата, Мостот и споменикот на Гемиџиите, споменикот на Кочо Рацин.
    Скопје: Панорамски разглед на градот со водич, посета на Црквата Св. Спас – Гробот на македонскиот јунак Гоце Делчев, Старата Скопска Чаршија, Камениот Мост, Плоштадот, Соборната Црква Св. Климент Охридски, Музејот на Македонската државност, Музејот на Холокаустот. Искачување на Водно со жичарницата од каде ќе имате можност да уживате во панорамата на Скопје.
    Маврово: Попатно патување преку Тетово, Гостивар до Маврово. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

  • Маврово – Дебар – Вевчани – Струга – Охрид

    Појадок. Посета на пештерата „Шаркова дупка“. Заминување по кањонот на Радика со посета на еден од најубавите манастири Св. Јован Бигорски. Патувањето продолжува кон Дебар со попатна посета на Манастирот Св. Ѓорѓија Победоносец. Патување покрај Дебарското Eзеро и течението на реката Црн Дрим се до Вевчани. Посета на Вевчански Извори и Црквата Св. Никола. Панорамски разглед на Струга. Посета на Манастирскиот Комплекс Св. Богородица во Калишта, каде ќе ја видите и пештерската црква од 14 век. Заминување за Охрид. Сместување во хотел. Вечера. Слободно време за прошетка низ центарот на Охрид. Ноќевање.

  • Охрид – Свети Наум – Битола

    Појадок. После појадокот заминување на разглед на Охрид и сите знаменитости (Св. Софија, Амфитеатарот, Плаoшник, Самоиловата тврдина, Црквата Св. Богородица Перивлепта од 13 век, стариот дел на градот). Слободно време за прошетка и шопинг во Охрид. Заминување кон Свети Наум. Посета и разглед на манастирскиот комплекс. Слободно време за уживање во убавините на комплексот. При враќањето посета на Неолитската населба „Заливот на коските“ – Музејот на вода. Поаѓање за Битола во вечерните часови.

Во цената на аранжманот Е вклуено

  • Превоз со високотуристички автобус опремен со клима уред, ТВ, ДВД, фрижидер
  • Сместување во хотели со 3* и 4* според програмата на база полупансион (ПОЈАДОК-ВЕЧЕРА)
  • Разгледи на културно-историските споменици според програмата
  • Организација и водство на патувањето
  • Водич на групата за цело време на патувањето
  • Влезници за сите наведени културно-историски споменици

Во цената на аранжманот НЕ Е вклуено

  • Пијалоци, ручек и останати неспоменати услуги